12.8 C
Скопје
13 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Поранешниот градоначалник на Скопје подготвува нов политички проект

Бизнисменот и поранешен градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, најави формирање нова политичка партија, повикувајќи ги граѓаните кои, како што рече, сакаат Македонија да опстои како држава, да му се придружат.

Во објава на социјалните мрежи, Костовски порача дека иницијативата не е личен проект, туку повик за создавање политички субјект кој ќе биде ослободен од партиски и лични интереси.

„Ова не е само моја идеја. Ова е повик до сите што чувствуваат дека Македонија заслужува подобро, поправедно и подостоинствено утре. Време е за политички субјект без партиски и лични интереси“, напиша Костовски.

Тој наведе дека новата партија би била отворена за сите полнолетни граѓани, без ограничување на возраста.

„Не барам власт за себе, туку можност за освестување на државно ниво. Македонија да биде пред секоја партија“, порача Костовски, додавајќи дека иницијативата не е повик за поделба, туку за обединување.

Трифун Костовски беше градоначалник на Скопје од 2005 до 2009 година. Во својата политичка кариера беше и пратеник во Собранието, а во јавноста е познат и како долгогодишен бизнисмен.

Related posts

Пред изборите Харис и Трамп бараат поддршка во одлучувачките сојузни држави

admin

Германија мора да реши многу проблеми – но како?

admin

Клучни 48 часа за Газа: Кушнер со посредниците, во понеделник оди кај Нетанјаху

admin

Хегсет: Време е Европа да ја преземе контролата – се раѓа „НАТО 3.0“

admin

Хибридните напади се безбедносен ризик за институциите

ninja

Административците прифатија договор со Владата за раст на платите од 8% годишно

admin