35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Англискиот убедливо најизбран: Следната сабота стартува матурата во Македонија

Над 14.500 матуранти следната сабота ќе го започнат полагањето на екстерните испити од државната матура, соопшти Државниот испитен центар (ДИЦ).

Според официјалните податоци, во учебната 2025/2026 година се пријавени вкупно 14.587 ученици, од кои 12.184 за државна матура, 2.276 за државна стручна матура и 127 за државна уметничка матура.

Првиот екстерен испит ќе се одржи на 6 јуни со почеток во 9 часот. Учениците ќе полагаат странски јазик, математика или историја, во зависност од видот на матурата.

Најголем интерес има за англискиот јазик, за кој се пријавени 13.208 кандидати.

Задолжителниот испит по мајчин јазик и литература ќе се полага на 11 и 12 јуни. Македонски јазик ќе полагаат 9.810 ученици, албански 4.199, турски 360, а српски јазик пет кандидати.

Од Државниот испитен центар информираат дека подготовките се одвиваат според предвидениот план и дека се обезбедени услови за непречено и регуларно спроведување на испитите.

За организацијата на матурата ќе бидат ангажирани околу 2.500 тестатори и 200 набљудувачи.

Во сите простории каде што ќе се полагаат испитите ќе важи забрана за користење мобилни телефони и други електронски уреди.

Related posts

РУСКИ ВОЕН АВИОН УРНАЛ АМЕРИКАНСКИ ДРОН НАД ЦРНОТО МОРЕ

ninja

Македонски државјанин повреден при напад на објект на ОН во Газа

admin

Бугарски аналитичар: Северна Македонија е во ќорсокак, без нова визија за ЕУ

admin

ДУИ ја обвини владата за економски неуспех, блокада на ЕУ-патот и притисоци врз Албанците

admin

Нови авионски линии, Скопје повторно поврзано со Келн

admin

Села бара ново уставно уредување, Мицкоски го испрати „во минатото“

admin