17.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕГИОНРЕПУБЛИКА

Кошта доаѓа во Скопје: Ќе има ли нова понуда за деблокада на евроинтеграциите?

Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, следната недела ќе ја посети Северна Македонија во рамки на неговата турнеја низ Западен Балкан, соопшти Европскиот совет.

Кошта од 1 до 5 јуни ќе ги посети шесте партнери од регионот пред Самитот ЕУ–Западен Балкан, кој ќе се одржи на 5 јуни во Тиват, Црна Гора. Главни теми на разговорите ќе бидат проширувањето на Европската унија, постепената интеграција, регионалната соработка, безбедноста и стабилноста.

Во Скопје, Кошта ќе престојува на 2 јуни, каде што ќе се сретне со премиерот Христијан Мицкоски. По средбата е предвидена и заедничка прес-конференција.

„Мојата втора турнеја низ Западен Балкан испраќа јасен сигнал: посветеноста на ЕУ кон регионот е реална, исто како и можноста за проширување. Моментумот постои. Сега е време за испорака на резултати“, порача Кошта.

Во пресрет на посетата, Мицкоски изјави дека досегашните разговори со претседателот на Европскиот совет биле пријателски и конструктивни.

Според премиерот, Кошта покажал подготвеност да се бара решение за, како што рече, „вештачкото и билатерално барање на една земја членка кон Македонија“.

„Би било некултурно да се очекува ставот да се промени преку ноќ, бидејќи не се исполнети предусловите што ги очекуваме и ги заслужуваме“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека Владата нема да прифати отстапки што би го засегнале македонскиот национален идентитет.

„Државата даде многу во изминатите децении, а не доби ништо за возврат“, изјави премиерот, додавајќи дека Владата ќе бара решение за европската интеграција, но без нови отстапки и без јасни гаранции за напредок во преговарачкиот процес.

Турнејата на Кошта ќе започне во Сараево, а ќе продолжи во Тирана, Скопје, Приштина, Белград и Тиват, каде што ќе копретседава со Самитот ЕУ–Западен Балкан заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.

Related posts

БУЏЕТ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЕКОНОМСКИОТ РАСТ ЗА ВРЕМЕ НА КРИЗА И ЗАБРЗУВАЊЕ НА СРЕДЕН РОК

admin

Касами бара уште еден мандат за да ја продолжи “трансформацијата на Тетово”

admin

Се затвора најгледаната косовската телевизија, сопственик била македонска компанија

admin

ЕУ ја прошири листата на санкции: Руски пропагандисти и медиумски фигури под удар

admin

Бајден: Хамас и Путин имаат иста цел-да ја уништат демократијата

admin

„Наместо спинови, граѓаните бараат одговори“: Филипче со остри критики по пожарот во Трубарево

admin