27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Македонија бележи раст на грипот, регистриран е еден смртен случај

Бројот на заболени од грип во Северна Македонија расте, но засега останува на средно ниво на активност и нема потреба од воведување дополнителни мерки, соопшти во четвртокот Институтот за јавно здравје (ИЈЗ).

Во периодот од 5 до 11 јануари се регистрирани 2.322 нови случаи на грип, што претставува зголемување од околу 35 отсто во однос на претходната недела, покажуваат податоците на ИЈЗ.

„Бројките се очекувани за овој период од годината. Иако растот започна нешто порано од вообичаеното, вирусната активност сè уште е на средно ниво и во овој момент нема основ за воведување вонредни мерки“, изјави Драган Кочински од Институтот за јавно здравје.

Според здравствените власти, пикот на сезоната на грип се очекува од крајот на јануари до средината на февруари.

Од ИЈЗ потврдија дека засега нема потреба од продолжување на зимскиот распуст и дека второто полугодие за учениците ќе започне согласно планираниот календар.

Во меѓувреме, здравствените институции информираа дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје починала 75-годишна пациентка по компликации поврзани со грип. Во моментов, на клиниката се хоспитализирани околу 25 пациенти со грип, од кои двајца се на респираторна поддршка, соопштија од установата.

Здравствените власти апелираат граѓаните да ги почитуваат препораките за заштита, особено хронично болните, повозрасните лица и лицата со ослабен имунитет.

 

Related posts

Трагедија во Грац:”Тешко е да се поднесе кога училиштата стануваат места на смрт и насилство“

admin

Ескалација на Блискиот Исток: напади во Газа, тензии со Иран и неизвесни разговори во Пакистан

admin

Кои земји ги критикуваа израелските напади врз Газа?

admin

ЕУ се подготвува за војна – и овој француски брод е врвот на копјето

admin

Трамп ги замрзна сите проекти, за три месеци ќе се донесе нова одлука

admin

„Не учествувавме во војната“: Мелони го обвини Руте дека ја довел Италија во политичка криза

admin