18.6 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Свечена изјава на новоизбраните членки на Судскиот совет

Адвокатката Сузана Јошевска-Анастасовска и вонредната професорка Арлинда Кадри-Шахиновиќ во вторникот во Собранието дадоа свечена изјава како новоизбрани членки на Судскиот совет на Република Северна Македонија.

Свечената изјава беше дадена во Охридската сала, во присуство на претседателот на Собранието Африм Гаши и генералната секретарка на законодавниот дом.

Јошевска-Анастасовска и Кадри-Шахиновиќ претходно беа избрани од пратениците, со што го комплетираат составот на Судскиот совет, институцијата надлежна за избор, унапредување и дисциплинска одговорност на судиите.

По свечениот чин, Јошевска-Анастасовска изјави дека преземаат лична и институционална одговорност и оти очекува, со заедничка работа, Судскиот совет да прерасне во силна и кредибилна институција.

Related posts

Таравари потврди дека починатото бебе било одбиено за хоспитализација

admin

ЕУ и Британија закажаа клучен самит: Дали почнува нова ера по Брегзит?

admin

24 Отворено – Дали светот влегува во нова ера на долгорочни, паралелни конфликти?

admin

Средба во Софија, изјава за Делчев, оставка во СДСМ

admin

Судскиот процес за пожарот во „Пулс“ продолжува, обвинетите ќе се изјаснат за вина

admin

Макрон со предупредување до Кина: Спречете ја Северна Кореја во Украина – или НАТО ќе дојде во Азија

admin