19.7 C
Скопје
24 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Децата на Блерим Беџети отворија градежна фирма – ДКСК веднаш реагира

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) отвори предмет за проверка на имотната состојба на пратеникот од ДУИ и поранешен градоначалник на Сарај, Блерим Беџети, откако неговите две деца основале градежна фирма која не била пријавена во неговиот анкетен лист, објави Радио Слободна Европа.

Компанијата „ВЕ-ИНВЕСТ ХОЛДИНГ ДООЕЛ Скопје“ била регистрирана на 16 септември 2025 година на име на 21-годишната Ељма Беџети, додека управител е 19-годишниот Валон Беџети. Дејноста во Централниот регистар е заведена како изградба на станбени и нестанбени објекти. Седиштето на фирмата е на адреса на стан во сопственост на дедото на Валон и Ељма – Беџет Беџети.

Фирмата е основана со непаричен влог од 5.000 евра, составен од предмети од домаќинство, наведе РСЕ.

Беџети изјавил за Радио Слободна Европа дека неговите деца се полнолетни и не живеат со него, но додал дека ќе провери дали компанијата треба да се пријави во анкетниот лист и, ако е потребно, ќе ја внесе по празниците. Тој негира дека фирмата ќе гради згради и изјавил дека неговите деца сакаат да станат претприемачи, без да прецизира со што ќе се занимава компанијата.

ДКСК потврди дека по службена должност отворила предмет за непријавен имот, бидејќи Законот за спречување на корупцијата обврзува избраните функционери да пријават промени во сопственост или имот на членовите на нивното семејство во рок од 30 дена доколку вредноста надминува 20 просечни плати.

Во анкетниот лист на Беџети досега се пријавени автомобил и заштеди на неговите деца, но не и компанијата.

Истовремено, Финансиската полиција води предистражна постапка против Беџети поврзана со издавање градежна дозвола за објект во Сарај. Тој случај се однесува на зграда од пет ката за која се сомничи дека била изградена без важечки урбанистички план. Беџети претходно ја нарече кривичната пријава „политички монтирана и правно неоснована“.

Беџети беше градоначалник на Сарај до 2024 година, кога беше избран за пратеник од коалицијата Европски фронт. Како пратеник, тој ужива имунитет.

 

Related posts

Милановиќ обезбеди историска победа на претседателските избори: ХДЗ во шок

admin

Осуммина под истрага за злоупотреби во Државна Лотарија

admin

Личи на сѐ, само на главен град – не!

admin

Дали Косово ја губи подршката на САД и ЕУ?

admin

Реакција: Корупцијата убива – трагичниот настан во Кочани е аларм

admin

Русија ги повикува останатите земји да ја признаат независноста на Доњецк и Луганск

ninja