19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Каде е Европа во новиот светски поредок?

Европските лидери излегоа поделени и внатрешно раз терзени додека се обидуваат да го поздрават соборувањето на авторитарниот претседател на Венецуела, но во исто време да ги зачуваат принципите на меѓународното право, кое очигледно не му дозволува на Доналд Трамп да го уапси Николас Мадуро, а уште помалку да објави дека САД ќе ја водат Венецуела и ќе ја контролираат нејзината нафтена индустрија, пишува Гардијан.

Европа се обиде да се фокусира на принципот на демократска транзиција, посочувајќи дека континентот одамна не го признава Мадуро за легитимен лидер на Венецуела по широко оспорените избори во јуни 2024 година.

Но одбивањето на Трамп да ја поддржи венецуелската опозициска фигура, добитничка на Нобелова награда, Марија Корина Мачадо, создаде непријатност. Трамп изјави дека таа нема поддршка и углед во Венецуела, иако европските лидери долго време ја гледаат како легитимна опозициска лидерка која заслужува да дојде на власт.

Меѓународни правни експерти велат дека одбивањето на САД да го признаат Мадуро отвора пат Вашингтон да тврди дека тој нема суверен имунитет како шеф на држава во американските судови – на сличен начин како што на Џорџ Буш му беше дозволено да му се суди на Мануел Нориега во 1989 година по неговото апсење.

Американски официјални лица тврдат дека операцијата против Венецуела била оправдана со право на самоодбрана, наведувајќи дека владата била вмешана во трговија со дрога.

Но професорката по меѓународно право на Јејл, Уна Хатавеј, изјави дека не гледа никакво правно издржано оправдување според Повелбата на ООН за употребата на сила од страна на САД. „Ако трговијата со дрога е разумно оправдување за напад на друга држава, тогаш може да се изнесат најразлични аргументи кои суштински значат дека самоодбраната престанува да биде исклучок — таа станува новото правило,“ рече таа.

Таа додаде дека идејата дека снабдувањето со дрога од некоја земја оправдува инвазија и промена на власта, ги укинува сите ограничувања за употреба на сила. Според неа, акцијата на САД претставува прекршување на меѓународното право без преседан.

Знак за непријатноста во Европа беше и изјавата на грчкиот премиер Киријакос Мицотакис, чија земја е една од десетте непостојани членки на Советот за безбедност на ООН. Тој се обиде да ја затвори дебатата за методите на Трамп, велејќи дека падот на „бруталната и репресивна диктатура“ на Мадуро носи надеж, но дека „ова не е време да се коментира легалноста на неодамнешните чекори“.

Поблиските идеолошки сојузници на Трамп во Европа, како италијанската премиерка Џорџа Мелони, ја оценија операцијата како „одбранбена интервенција“.

Критиките од други страни веројатно беа пригушени поради страв од реакција на Трамп, чија поддршка за Украина сè уште се смета за клучна. Шефицата за надворешна политика на ЕУ, Каја Калаш, предупреди дека под сите околности мора да се почитуваат меѓународното право и Повелбата на ООН.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, исто така се фокусираше на иднината, повикувајќи на мирна и демократска транзиција која ќе биде во согласност со меѓународното право.

Германскиот канцелар Фридрих Мерц оцени дека правната проценка на интервенцијата на САД е „комплексна и бара внимателно разгледување“.

Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, беше најјасниот критичар, велејќи дека операцијата за апсење на Мадуро „го прекршува принципот на неупотреба на сила кој е темел на меѓународното право“.

Тој предупреди дека повторените прекршувања на овој принцип од земји кои имаат примарна одговорност како постојани членки на Советот за безбедност ќе имаат „тешки последици за светската безбедност“.

Иако британскиот премиер Киер Стармер не жали за заминувањето на Мадуро и потенцира важност на меѓународното право, тој не навлезе во тоа како тоа право се применува во конкретниот случај.

Авторот заклучува дека бранителите на меѓународниот правен поредок можеби денес апелираат кон свет кој веќе исчезнува — а Венецуела е само најновата жртва.

Делува дека со чекорите на Трамп се зацврстува нов систем во кој големите сили дејствуваат исклучиво врз основа на сопствен интерес, а правилото „силниот владее“ станува нова реалност.

Related posts

Шок на пазарите: Војната со Иран може да трае подолго, нафтата скока, берзите паѓаат

admin

Опозицијата зајакна, партијата на Курти изгуби позиции на локалните избори во Косово

admin

Собранието се подготвува за седницата број 1

admin

Министерот Тошковски се сомнева дека изборите во Тетово ќе бидат демократски

admin

Личните документи со кодот МКД не се погрешни, НМК кратенката е за возилата

admin

Голема полициска акција во Брисел: 15 европратеници осомничени за примање мито

admin