24.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Даути на средба на СКСЗМ со швајцарскиот амбасадор во Скопје

Претставници на Стопанската комора на Северозападна Македонија одржаа официјална средба со амбасадорот на Швајцарската Конфедерација во Северна Македонија, Кристоф Зомер, на која беше разговарано за зајакнување на билатералната економска соработка и улогата на приватниот сектор, соопшти Комората.

На средбата учествуваше и Џемаил Даути, почесен претседател на Комората и раководител на компанијата „Даути Комерц“.

Според соопштението, разговорите биле насочени кон можностите за зголемување на трговската размена меѓу двете земји, реализација на заеднички проекти и создавање поволна клима за нови инвестиции. Учесниците разговарале и за усогласување на домашните компании со европските стандарди и јакнење на нивната конкурентност на меѓународните пазари.

Посебно внимание било посветено на улогата на дијаспората од Северна Македонија во Швајцарија, која беше оценета како значаен фактор за поврзување на економските интереси и пренос на знаење и деловно искуство.

Стопанската комора на Северозападна Македонија соопшти дека ќе продолжи да ги поддржува иницијативите насочени кон зголемување на извозот и зајакнување на присуството на домашните компании на европските пазари. Податоците за трговската размена меѓу Северна Македонија и Швајцарија, според Комората, укажуваат на потенцијал за понатамошно продлабочување на економската соработка.

 

Related posts

Путин: Ќе има мир кога ќе ги постигнеме нашите цели

admin

Мицкоски подготвен за законски измени за полагање правосуден испит и на албански јазик

admin

Турција гласа на клучни избори

admin

СИПРИ АЛАРМИРА: Светот троши рекордни 679 милијарди долари на оружје – војните го туркаат пазарот до историски максимум

admin

Мерц го чекаат тешки преговори, па уште потешки проблеми

admin

Ахмети: Во 2001 ми понудија поделба на Македонија, ја одбив

admin