27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Лажни лекари измамиле двајца битолчани за 19.600 евра

Две повозрасни лица од Битола биле измамени од лица кои лажно се претставиле како лекари и за два дена им одзеле вкупно 19.600 евра, соопшти во четвртокот Секторот за внатрешни работи Битола.

Според полицијата, во средата 84-годишна жена пријавила дека била измамена за 9.600 евра, откако лице телефонски ѝ се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка се здобила со тешки повреди и ѝ е потребна итна операција. Жената ги предала парите на лице кое дошло пред нејзиниот дом.

Ден претходно, 83-годишен маж пријавил дека бил измамен за 10.000 евра по слично сценарио. Лице кое се претставило како лекар му соопштило дека неговата внука паднала по скали и дека се потребни средства за итна хируршка интервенција. Парите ги предал на непознато лице пред неговата куќа.

Од СВР Битола велат дека измамите се извршени по ист образец – жртвите добиваат телефонски повик со лажна информација за повреден близок роднина, по што парите ги предаваат лично на лице кое доаѓа на договорената локација.

Полицијата презема мерки за расчистување на случаите и апелира до граѓаните да бидат внимателни и да ги проверуваат информациите пред да предадат пари на непознати лица.

Related posts

МЕЃУ ХИБРИДНИТЕ ЗАКАНИ, ЗАСКИТУВА И ПО НЕКОЈ УЧЕНИК?

ninja

Од историски криминал до историски проект за ВМРО- ДПМНЕ

admin

Средба Мицкоски-Сарацин, дали ќе поминат уставните измени?

admin

Изборниот законик заглави меѓу дијаспората, амандманите и партиските услови

admin

Џафери: Спроведовме европски избори, работев во интерес на граѓаните

admin

Цингел: На ЕУ и се брза, но Србија го чека исходот од изборите во САД

admin