2.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Костадиновски: формирани четири предмети за системот „Сејф сити“

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, денеска информира дека за системот за видео-набљудување „Сејф сити“ се формирани четири предмети и дека по нив ќе се постапува брзо, нагласувајќи дека проектот покажува дека македонскиот менталитет може брзо да се приспособи на правила.

„Четири предмети се формирани. Точно е дека ќе се постапува бидејќи е новина во нашата држава. Не можам предвреме да давам анализа, но веќе еднаш го изнесов својот личен став“, рече Костадиновски.

Тој потенцира дека проектот има легитимна цел, е општествено оправдан и дека мерките се пропорционални на целите што се сакаат да се постигнат. „Овој проект ни покажа дека нашиот менталитет може многу брзо да се смени, односно да се прилагодува – на правила“, додаде претседателот на судот.

Костадиновски коментираше и за предлогот за назначување на професорот Гоце Наумовски за нов уставен судија, потенцирајќи дека искуството од академијата е добредојдено за уставното судство. Тој истакна дека фактот што Наумовски бил советник на премиерот не го дисквалификува, додавајќи дека и самиот бил советник на тројца македонски претседатели.

„Извршувањето на должноста е дел од карактерот и кредибилитетот на човекот. Нашата работа се цени во оваа сала. Јас сум лојален на Уставот и тоа го очекувам и од новите и од досегашните судии“, рече Костадиновски.

Претседателот на Уставниот суд ја коментираше и примената на Бадентеровиот принцип, посочувајќи дека тој е значаен за политички органи како Собранието, но дека не треба да се применува во Уставниот суд бидејќи би го компромитирал правното расудување за уставноста и законитоста.

За Законот за употребата на јазиците, Костадиновски изјави дека заклучокот за одржување подготвителна седница е се уште во сила и ќе се отвори на првиот работен состанок на судот.

Тој апелираше граѓаните да не наседнуваат на политички манипулации и потенцираше дека одлуките на Уставниот суд не се „страшила“, туку резултат на законско и уставно постапување.

Костадиновски посочи дека предметите за линеарно зголемување на пензиите, јавноста во судството, Законот за потрошувачи, нерезидентните и глобалниот данок се од повисок општествен интерес.

Related posts

„Охридско лето“ без албанска култура, ДУИ обвинува за институционално исклучување

admin

Британски медиуми: Рама ја отфрли понудата на Стармер, дали Мицкоски и Османи ја прифатиле?

admin

Аналитичари: Можна е владина коалиција меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

admin

Раскол во АзА, Рашиди контра Села: Неодговорно е од сега да се каже како партијата ќе оди на избори

admin

НАД 40 ОТСТО ОД МАКЕДОНЦИТЕ БИ СЕ ИСЕЛИЛЕ ОД ДРЖАВАТА

ninja

ЧЕТИРИТЕ „СУХОИ 25“ ОД СКОПСКИОТ АЕРОДРОМ ПРАТЕНИ ВО УКРАИНА

ninja