29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИХРОНИКА

Полицијата заплени еден тон марихуана од компанија во Валандово со одземена лиценца

Македонската полиција заплени еден тон марихуана при претрес во просториите на компанијата „Грин лајф“ во валандовското село Јосифово, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР).

Акцијата била спроведена по наредба на јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гевгелија, а во неа учествувале полициски службеници од СВР Струмица и ОВР Валандово.

„Денеска е извршен претрес во простории на правен субјект за производство на марихуана во село Јосифово“, соопштија од МВР, без да прецизираат дали има приведени лица.

„Грин лајф“ е една од шесте компании на кои Министерството за здравство им ги одзеде лиценците за одгледување канабис за медицински цели, во рамки на поширока истрага за нелегална трговија со марихуана. Истрагата беше отворена откако српската полиција минатиот месец заплени околу пет тони марихуана со потекло од Северна Македонија во село во близина на Крушевац.

Според властите, во досегашниот тек на истрагата се запленети над 40 тони марихуана од повеќе компании. Владата донесе одлука за вонредни контроли во сите 43 компании во земјата кои поседуваат дозвола за одгледување медицински канабис. Досега, како што соопштија надлежните, извршени се контроли во 13 компании.

Компанијата „Грин лајф“, според јавно достапните податоци, е регистрирана за одгледување зачински, ароматични и лековити растенија, како и растенија за фармацевтска употреба.

 

Related posts

Нова регионална полемика: Рама обвини за вмешаност од Косово и Тетово во протестите

admin

Велика Британија подготвува носач на авиони за можно распоредување на Блискиот Исток

admin

Момент на ризик и можност: Два прекини на огнот отвораат простор за договор меѓу САД и Иран

admin

Влезот на Бугарите во Уставот отвора нови партиски апетити

ninja

На Германија ѝ фалат голем број информатичари и техничари

admin

Изненадувачки резултати во Германија: АфД смета на правото да владее во Тирингија

admin