27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски од Минхен: Членството во ЕУ е заслужено, а не подарок

Членството на Северна Македонија во Европската Унија не е милост, туку нешто што земјата одамна го заслужила, изјави премиерот Христијан Мицкоски на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Во интервју за МРТ 1, Мицкоски рече дека каде и да оди, владата ја претставува својата верзија на македонската приказна и ги потенцира предизвиците со кои државата се соочува во евроинтеграцискиот процес во изминатите децении.

„Оваа генерација сака да се бори. За нас членството во ЕУ не е милост, туку заслужено. Сакаме да укажеме на неправди и неправилности нанесени на нашата земја, но без да се наруши имиџот и кредибилитетот на самата Унија“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека владата ќе продолжи да ја раскажува македонската приказна, и покрај сите предизвици. „Колку и да треба време, ќе се бориме и ќе бидеме трпеливи. Дури и последниот да остане, ќе се бори да ја пренесе македонската приказна“, рече премиерот.

Во однос на пораките од конференцијата, Мицкоски истакна дека годинава тие биле помеки во однос на минатата година, но суштината останува иста: важно е да се знае кој ја носи одговорноста и кој ги има придобивките од тоа партнерство.

„Европа и САД се партнери и пријатели, но мора да се разјасни кој какви одговорности има“, додаде тој.

На конференцијата, Мицкоски оствари билатерални средби со украинскиот претседател Володимир Зеленски, специјалниот пратеник на САД Ричард Гренел и други европски и американски претставници, при што ја претстави позицијата на Северна Македонија за европските интеграции и потенцијалните инвестициски можности во земјата.

 

Related posts

Нема спас – горивата поскапуваат, а Владата „немоќна“

admin

Шолц: Германија има голема почит за македонскиот идентитет, време е за уставни измени

admin

Трнлив пат на жените до рамноправност и сигурност

admin

Техничката влада созреа за укинување?

admin

Незири: Исходот од локалните избори може да го отвори патот за предвремени парламентарни

admin

Генералниот секретар на РСС Капетановиќ на Стратешкиот форум во Блед

admin