24.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Најстудено утрово на Попова Шапка, ветровито со услови за снег низ земјата

Најниската температура утрово во 8:30 часот е измерена на Попова Шапка, каде термометрите покажале –6 степени Целзиусови, а снежната покривка достигнала 97 сантиметри. Во Маврови Анови и Крушево е измерена температура од –4 степени, во Берово –2, во Прилеп –1, додека во Крива Паланка температурата е околу 0 степени.

Времето во земјата денеска ќе биде променливо облачно со повремени сончеви периоди и умерен до засилен северен ветер. Во северозападните и повисоките предели можно е краткотрајно провејување на слаб снег, особено во утринските часови.

Во Скопје се очекува претежно облачно утро со можност за слаб дожд, а попладне ќе има сончеви интервали. Минималната температура во главниот град ќе се спушти околу –2 степени, додека максималната ќе достигне 7 до 9 степени Целзиусови.

Под влијание на ладна воздушна маса од север, викендов во повеќето делови од земјата ќе биде студено и ветровито, со повремени врнежи од снег во планинските предели. Од понеделник се очекува постепено затоплување со повисоки дневни температури до 19-20 степени, особено во ниските котлини и јужните региони.

На планините и понатаму ќе дува засилен ветер, а температурите ќе се движат од –6 до +2 степени, со краткотрајни сончеви интервали.

 

Related posts

САД: С.Македонија и Бугарија да продолжат со нивниот дијалог за решавање на разликите

admin

БЕКТЕШИ ЗА ДВ: МОЖНО Е НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНАТА НА СТРУЈАТА

ninja

Обид за атентат? Тајната служба пронајде сомнителен предмет пред колоната на Трамп

admin

Оди Адидас, доаѓа Најк: Критики за Германската фудбалска федерација

admin

Извештај со 120 препораки за европскиот пат на Северна Македонија

admin

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

ninja