10.8 C
Скопје
26 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

ВЛЕН: ДУИ се крие зад младите за да се врати на власт

Коалицијата ВЛЕН во неделата ја обвини ДУИ дека стои зад дел од студентските протести. Тврдат дека преку нив се прави обид за враќање на поранешни функционери на политичката сцена.

Во партиско соопштение, ВЛЕН наведе дека „дел од студентите“ не ги претставуваат младите, туку „агендата на ДУИ“.

„Тие се користат како алатка за да ги вратат Бујар Османи, Блерим Беџети, Талат Џафери и другите функционери на ДУИ, кои Албанците ги испратија во опозиција со гласови“, се наведува во реакцијата.

Од ВЛЕН оценуваат дека ДУИ, по две децении власт, се обидува да се сокрие зад младите. Обвинуваат за политичка манипулација со протестите.

Коалицијата тврди дека за време на владеењето на ДУИ не бил решен проблемот со полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Според нив, луѓе блиски до партијата сега учествуваат во протестите.

„Прашањето е едноставно – против кого протестираат? Против своите родители“, наведуваат од ВЛЕН.
Во соопштението се додава дека коалицијата нема да дозволи младите да бидат „злоупотребени за политички агенди“.

„Студентите не се сопственост на ДУИ, ниту спас за разочараните функционери на една распадната партија“, соопшти ВЛЕН.

Related posts

ДЕЛ ОД ОПШТИНИТЕ „МУВА“ НЕ ГИ ЛАЗИ ЗА ШТЕДЕЊЕ

ninja

МЗ УНИШТИ 67 ИЛЈАДИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД

ninja

Каде е Скопје меѓу „победниците на денот“ во Тирана?

admin

СДСМ: Трагата од тендери вредни над 2 милиони евра води до Јанушев

admin

Кина: „Пазарот зборуваше“ по наметнатите тарифи од САД што предизвикаа пад на берзите

admin

БРИКС ниту блиску до доларот – шефот на банката на Бразил го уби митот за нова супервалута

admin