33.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Претседателот на РКЕ Бислимоски поднесе оставка по кривична пријава

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска поднесе оставка. Во писмото до Собранието, Бислимоски не ги навел причините за повлекувањето од функцијата на која за првпат беше избран во јуни 2018 година.

Според информации на ДВ, оставката била поднесена утрово. Одлуката не беше коментирана ниту од Бислимоски, ниту од неговите соработници. Шпекулациите се јавуваат откако вториот петгодишен мандат на претседателот требаше да заврши во јуни 2028 година.

Пред нешто повеќе од две недели, Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава против Бислимоски за наводна злоупотреба на службената положба. Според пријавата, тој не постапил согласно Законот за енергетика и не ја одзел навреме лиценцата на компанијата „Тритерол петрол“ ДООЕЛ Скопје, која не ги исполнувала условите за трговија со нафта и горива. Лиценцата требало да биде одземена во јануари 2024 година, но тоа се случило дури во април 2025 година, што ѝ овозможило на компанијата да оствари противправна имотна корист од околу 229 илјади евра.

На прес-конференција, Бислимоски изјави дека ќе ги стави сите информации на располагање на институциите за да докаже дека во постапката не е направено прекршување на законската регулатива.

Во мандатот на Бислимоски, РКЕ доби пофалби од Секретаријатот на енергетската заедница за спроведените реформи, но истовремено беше и цел на политички критики и протести, особено за време на енергетската криза и поради поскапувањата на струјата.

Related posts

Светска Банка: Северна Македонија со најмал економски раст во регионот во следните три години

admin

Брисел ја откри својата карта: Еве каде стои Македонија во споредба со соседите

admin

Царински удар врз ЕУ и Кина: Вашингтон најде нов правен пат по поразот пред Врховниот суд

admin

ВЛЕН застана зад Африм Гаши и го обвини СДСМ за блокади

admin

„Не ни недостига талент, туку систем“: Капетановиќ бара нов економски модел за Западен Балкан

admin

ВМРО-ДПМНЕ внимава какви кадри се предлагаат во преговорите

admin