32.8 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Членка на Антикорупциската комисија поднесе неотповиклива оставка по отворање два предмети

Членката на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), Цвета Ристовска, поднесе неотповиклива оставка од функцијата, откако Комисијата отвори два предмети поврзани со нејзината работа.

Оставката е доставена до претседателот на Собранието, Африм Гаши, соопштија извори запознаени со случајот.

Во писмената изјава, Ристовска навела дека одлуката ја донела по, како што посочува, „неколкунеделни јавни полемики и сомнежи изнесени во врска со мојата работа во Државната комисија за спречување на корупцијата“.

„Никогаш немав намера да прикријам каква било информација“, се наведува во нејзината изјава.

ДКСК претходно соопшти дека отворила два предмети, меѓу кои и постапка за утврдување можен судир на интереси.

Од Комисијата засега нема дополнителни детали за текот на постапките. Датумот на собраниската седница на која ќе се констатира оставката ќе биде дополнително утврден.

Related posts

Се разгорува војната меѓу Русија и Украина: Повеќе од 40 руски бомбардери оштетени во масовен напад со дронови

admin

Трамп шокира со најава: Договорот со Иран се потпишува за 24 часа?

admin

Германија ќе ја формира најсилната војска во Европа

admin

БУГАРСКОТО МНР ГО ОСУДИ ОШТЕТУВАЊЕТО НА КЛУБОТ „ЦАР БОРИС ТРЕТИ“ ВО ОХРИД

ninja

Златото паѓа за 1% – пазарите го следат развојот на Блискиот Исток

admin

ДАЛИ НА ЗАПАДОТ МУ СНЕМА МУНИЦИЈА?

ninja