27.9 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу во Кочани: Ќе продолжиме да ги поддржуваме повредените

Повредените млади луѓе од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани денеска учествуваа на кошаркарски натпревар, како дел од активностите за одбележување на годишнината од трагедијата. На настанот присуствуваа министерот за здравство Азир Алиу и директорката на Општата болница во Кочани, Катерина Паниќ-Мирчовска.

Министерот Алиу изјави дека ваквите спортски настани се иницирани од самите повредени и дека државата ќе продолжи да ги поддржува во процесот на лекување и рехабилитација.

„Ова е прв спортски настан на кој учествуваат граѓани кои поминале низ тежок и трауматичен период. Особено е охрабрувачки што денес тие повторно се активни и можат да се видат на теренот како спортисти“, рече Алиу.

Тој додаде дека процесот на реевалуација на здравствената состојба на повредените продолжува и дека некои од пациентите ќе бидат упатени во странски клинички центри за третмани кои не се достапни во домашниот здравствен систем. За оние кои ќе продолжат со лекување во земјата, веќе е подготвен протокол за згрижување и рехабилитација.

Директорката Паниќ-Мирчовска истакна дека кошаркарскиот натпревар им овозможува на младите да покажат напредок во рехабилитацијата и дека тимските спортови придонесуваат за соработка и емоционално закрепнување. Таа појасни дека реевалуацијата на здравствената состојба се спроведува на секои шест до седум месеци и вклучува специјалисти од различни области, вклучувајќи дерматолози, пулмолози и хирурзи.

Некои од повредените веќе започнале и со хируршки интервенции за лузни, со што се применуваат најсовремени медицински пристапи. Еден од учесниците, Драган Давитковски, истакна дека кошаркарскиот натпревар има и хуманитарна цел – собирање средства за изградба на споменик посветен на жртвите од пожарот.

Related posts

Денес се очекува да биде лансирана социјалната мрежа на Трамп, објави Ројтерс

ninja

Брисел ја откри својата карта: Еве каде стои Македонија во споредба со соседите

admin

Адеми: Дурмиши ја призна неoдговорноста на Бектеши

admin

Големи уши, мала свест за демократија

admin

Што не очекува во 2024 година?

admin

УСПЕХОТ НА „МЕКАТА МОЌ“ НА КИНА ВО МАКЕДОНИЈА

ninja