5.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

„Манипулација за спас од казна?“ Обвинителството жестоко го нападна исказот на Јовановски

Јавната обвинителка Адела Бојчевиќ изјави дека исказот на обвинетиот Стојанче Јовановски, даден во негова одбрана на судењето за наведување на самоубиство, претставува „чиста манипулација“ со цел да се избегне кривична одговорност.

Судењето против Јовановски, кој е обвинет дека преку семејно насилство ја довел сопругата до самоубиство, започна во Основниот кривичен суд Скопје.

Обвинителката по рочиштето изјави дека неговото признание на вина не ги исполнува законските услови, бидејќи не било доброволно, јасно и без присила, поради што судот не го прифатил и постапката продолжува со изведување докази.

„Денешната одбрана ја гледам како чиста манипулација во насока да се избегне кривична одговорност,“ рече Бојчевиќ, додавајќи дека обвинителството располага со обемен доказен материјал кој ќе биде презентиран во текот на постапката.

Обвинетиот, пак, делумно призна вина за одредени дела, но негираше дека ја навел сопругата на самоубиство, префрлајќи ја вината врз трето лице кое, според него, ќе биде повикано како сведок.

Според обвинението, Јовановски се товари за повеќе кривични дела, вклучително и наведување и помагање во самоубиство, по наводи за долготрајно физичко и психичко насилство врз сопругата.

Обвинителството нагласи дека го почитува принципот на презумпција на невиност, но изрази уверување дека доказите ќе ја потврдат вината на обвинетиот надвор од разумно сомневање.

Related posts

Македонија е првата земја што добива претфинансирање според Планот за раст

admin

Се редат дипломатските пазли во Скопје

admin

„АКО УКРАИНА ПРЕСТАНЕ ДА СЕ БОРИ ТОА ЌЕ БИДЕ НЕЈЗИНИОТ КРАЈ“

ninja

Втор пациент почина од пожарот во дискотеката во Кочани, бројот на жртви се искачи на 61

admin

Гаши: Ни треба дијалог внатре и со соседите

admin

Бислимоски под истрага: Како Тритерол Петрол заработи милиони откако не му била одземена лиценцата

admin