21 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Истражувачко новинарство во фокусот: седум новинари наградени со „Никола Младенов 2025“

Македонскиот институт за медиуми (МИМ) денеска ги додели новинарските награди „Никола Младенов 2025“ за најдобри истражувачки стории, во рамки на 25-то јубилејно издание на наградата.

Првата награда ја добија Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) за сторијата „Кочани – нашиот морален компромис“, тимот на емисијата „КОД“ на телевизија Телма за серијалот истражувања за пожарот во дискотеката во Кочани, и новинарката Ирена Мулачка од „Фокус“ за текстот што го откри тајниот сопственик на агенцијата „Рубикон“.

Втората награда ја освои тимот на Призма/БИРН Македонија за база на податоци „Верски имоти под лупа“ и истражувањата што произлегоа од неа, како и новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева за серијалот „Јаглен на раскрсница“.

Третата награда ја поделија новинарите Фисник Џелили од „Порталб.мк“ за сторијата за злоупотреби на средства за третман на кучиња-скитници во Тетово и Александар Димитриевски за приказната „Полициските специјалци ќе ги облекува модно женско студио и фирма регистрирана пред тендерот“ во телевизискиот магазин „360 степени“.

МИМ додели и пофалници за истакнат новинарски ангажман на Мирослава Симоновска и Фросина Факова Серафиновиќ од „Слободен печат“, Бјанка Станковиќ за сторија објавена во „Лице в лице“ и Славица Филиповска Иванова и Михаил Милошевски од „360 степени“.

Наградата се доделува како признание за професионална посветеност, истражувачка упорност и чувство за јавен интерес. Во чест на 25-годишнината беше организиран и панел за предизвиците и иднината на истражувачкото новинарство, на кој зборуваа претставници на петте редакции со најмногу освоени награди досега.

Балканската истражувачка репортерска мрежа (БИРН) ја претставува Призма и ги објавува истражувањата на медиумите и новинарите од регионот.

Related posts

Филипче: СДСМ ќе се бори за враќање на власта и деблокада на европскиот пат

admin

Две децении по Охридскиот договор, анализите платени со јавни пари остануваат тајни, препораките – неизвршени

admin

Кина го осуди користењето сила од САД против Венецуела, балкански сојузници застанаа зад Трамп

admin

Украинските и руските трупи се борат за контрола на Киев

ninja

Вучиќ: Русија ме извести дека се подготвува државен удар во Србија

admin

Хамас прифати прекин на огнот, Израел вели “никогаш”

admin