28.8 C
Скопје
1 септември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Контроверзија и повлекување: Обвинителството со нова порака до новинарите

Јавното обвинителство соопшти дека ја прифаќа и поздравува реакцијата на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ), нагласувајќи дека ја почитува слободата на информирање.

„Обвинителството ја прифаќа реакцијата на ЗНМ и ССНМ и ја поздравува, при што ја почитува Европската конвенција и Уставот кои гарантираат објективно информирање на јавноста“, соопшти институцијата.

Оттаму посочија дека се залагаат за почитување на членот 10 од Европската конвенција за човекови права и членот 16 од Уставот, кои ја гарантираат слободата на изразување и правото на објективно информирање, додавајќи дека обвинителството има обврска да ги штити човековите права и да создава услови за нивно непречено остварување.

Реакцијата следи по критиките од ЗНМ и ССНМ на претходното соопштение на Основното јавно обвинителство, во кое од новинарите се бараше „внимателно и одговорно јавно коментирање и информирање“, а од професионалните организации да обезбедат почитување на етичките стандарди и воздржаност при јавни изјави.

Од новинарските организации оценија дека ваквиот повик може да биде негативно протолкуван во јавноста, особено доколку не се наведат конкретни случаи на неетичко известување. Тие предупредија дека пораката може да создаде впечаток на притисок врз медиумите и ограничување на јавната дебата за прашања од висок јавен интерес.

Обвинителството, пак, нагласи дека ќе продолжи да ја почитува улогата на медиумите во демократското општество, потенцирајќи дека слободата на информирање и професионалните стандарди се комплементарни принципи.

Related posts

Косово и Албанија со поддршка за протестот во Скопје

admin

Трамп ја смени одлуката по повиците од Заливот – трговски зделки наместо такса за Ормус

admin

Вон дер Лајен се соочува со нови политички предизвици во Брисел

admin

КОРУПЦИСКИ СКАНДАЛ ВО ЕУ: „СРАМНИ ПОСТАПКИ“

ninja

Филипче: Не чувствувам вина за случајот „Онкологија“, нека одговара кој го прекршил законот

admin

Џамија не може да добие возило од Агенцијата за управување со запленет имот, така вели законот

admin