27.4 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Кошта: Русија засега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток

Русија досега е единствениот победник од војната на Блискиот Исток, бидејќи растот на цените на енергенсите ѝ обезбедува дополнителни приходи, а вниманието на меѓународната заедница се оддалечува од војната во Украина, изјави во претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

„Засега има само еден победник во оваа војна – Русија“, рече Кошта во обраќање пред амбасадорите на Европската унија во Брисел.

Според него, Москва добива дополнителни ресурси за финансирање на војната во Украина поради растот на цените на енергенсите.

„Русија профитира и од пренасочувањето на воените капацитети што инаку би можеле да бидат испратени како поддршка за Украина, како и од намаленото внимание кон украинскиот фронт додека конфликтот на Блискиот Исток е во центарот на вниманието“, додаде Кошта.

Тој нагласи дека Европската унија мора да го заштити меѓународниот поредок заснован на правила, кој, според него, се соочува со нови предизвици, и повика сите страни во конфликтот на Блискиот Исток да се вратат на преговарачката маса.

„Слободата и човековите права не можат да се постигнат со бомби. Само меѓународното право може да ги гарантира“, рече Кошта.

Тој предупреди дека мора да се избегне натамошна ескалација на конфликтот.

„Таквиот пат претставува закана за Блискиот Исток, Европа и пошироко“, додаде тој.

 

Related posts

Иран најавува пораст на цената на нафтата до 200 долари по барел

admin

Пратеник од С.Македонија на меѓународен безбедносен форум во Москва

admin

Доналд Трамп до американските граѓани: Ова ќе биде златно доба за Америка

admin

120.000 казни за пет месеци: „Безбеден град“ ја менува сообраќајната дисциплина

admin

Топ 5 европски аеродроми со најмногу патници

admin

Трамп и Зеленски на клучна средба во Анкара: Дали се подготвува нов мировен план за Украина?

admin