17.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Мицкоски ја критикува ДУИ за енергетската политика и работата на ЕСМ

Премиерот Христијан Мицкоски ја критикуваше ДУИ за, како што рече, недоволно познавање на енергетските прашања, по нивните обвинувања за увоз на електрична енергија од страна на државната компанија АД ЕСМ.

Мицкоски изјави дека е „позитивно“ што ДУИ се фокусира на актуелни теми, но додаде дека партијата „не ја владее материјата“ што ја коментира.

Според него, ЕСМ извезува електрична енергија во ноќните часови, додека увезува кога цените на берзите се ниски или нула.

„Компанијата ноќе извезува околу 850 мегават-часови, што носи дневна додадена вредност од 100.000 до 150.000 евра,“ рече Мицкоски.

Тој додаде дека увоз на електрична енергија има во одредени периоди од годината, во зависност од пазарните услови.

Премиерот рече дека редовно комуницира со раководството на ЕСМ и оцени дека состојбите се подобрени во споредба со претходните влади предводени од ДУИ и СДСМ, кога, според него, компанијата акумулирала значителни долгови.

Тој додаде дека ЕСМ сега работи со профит и активно тргува на енергетските берзи.

Related posts

Ковачевски: Нови барања нема, ново вето нема да има

admin

Универзитетите и пазарот на трудот: Дали високото образование успева да одговори на новите потреби на економијата?

admin

Трамп вели дека не е загрижен за можни воени злосторства, Израел им порача на Иранците да не користат возови

admin

Разрешени директори, ќе се бара смена на министри на АА

admin

Рама за ФТ: НАТО треба повторно да воспостави контрола врз северно Косово

admin

Што не очекува во 2024 година?

admin