24.8 C
Скопје
30 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Обвинителството смирува: Судењата нема да почнат од почеток

Јавното обвинителство соопшти дека промената на јавен обвинител во тековните предмети нема да доведе до враќање на судските постапки од почеток, нагласувајќи дека судењата ќе продолжат од фазата во која се наоѓаат.

„Промената на обвинител судот ја нотира, а судењето продолжува онаму каде што запрело, без потреба од повторување на постапката“, соопшти обвинителството.

Оттаму наведуваат дека веќе се преземени сите чекори за да се обезбеди ефикасно и непречено водење на постапките, додавајќи дека ниту еден започнат процес нема да претрпи неоправдано одолговлекување или усложнување и дека во судница ќе има подготвен обвинител кој ќе го застапува обвинението.

Реакцијата на Јавното обвинителство доаѓа откако родителите на жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани побараа враќање на обвинителката која ги водеше предметите, откако не ѝ беше продолжен мандатот во Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. На протестен марш во Кочани, семејствата изразија загриженост дека промената на обвинител може да доведе до одложувања и нарушување на континуитетот на постапките.

Обвинителството, пак, истакна дека евентуалната замена на обвинител може да се случи од различни причини и дека таа не влијае врз динамиката и начинот на водење на предметите.

Во соопштението се упатува и апел до јавноста и медиумите за внимателно и одговорно информирање, особено за случаи поврзани со трагедијата во Кочани, со образложение дека шпекулациите може дополнително да ги вознемират семејствата на жртвите и јавноста.

Дополнително, обвинителството ги повика новинарските и другите јавни актери да ги почитуваат етичките стандарди и да придонесат за одмерена јавна комуникација, со цел да не се продлабочува болката кај засегнатите од трагичниот настан.

Трите предмети поврзани со постапките против полициски службеници, како што наведуваат надлежните, ќе бидат доделени на друг обвинител кој ќе ја продолжи работата без застој.

Related posts

Кој стои зад сценаријата за дестабилизација?

admin

Алијансата за Албанците го одреди списокот на кандидати за четири општини

admin

Само еден кандидат – 18.000 членови на СДСМ гласаа за Филипче

admin

Маќедонци: Србија распределува воени сили долж границата со Косово

admin

Жителите на Скопје и Куманово се жалат на планини отпад, општините и градската власт разменуваат обвинувања

admin

Нов бунт во Албанија: Жители влегоа на градилиште и ги отстранија заштитните огради

admin