20.3 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАУКА

ОпенАИ ја гаси апликацијата Сора и го прекинува партнерството со Дизни

OpenAI ја укинува својата апликација за генерирање видеа со вештачка интелигенција, Sora, помалку од две години по нејзиното лансирање, и ќе го прекине партнерството со The Walt Disney Company, јави Би-Би-Си.

Компанијата соопшти дека ја прекинува Sora за да се фокусира на други технологии, вклучително и роботика „што ќе им помогне на луѓето да решаваат реални, физички задачи“.

Портпарол на Дизни изјави дека компанијата ја почитува одлуката на OpenAI да се повлече од секторот за видео-генерација и дека ќе бара други платформи за одговорна примена на вештачката интелигенција без прекршување на авторските права.

OpenAI ќе ги затвори и апликацијата за потрошувачи и онлајн платформата што ја користеа професионалци за создавање видеа, а според извештајот, компанијата повеќе нема да се фокусира на развој на вакви алатки.

Наместо тоа, фирмата планира да развива напредни системи, вклучително и таканаречена „агентска“ вештачка интелигенција способна автономно да извршува задачи со минимална човечка интервенција, како и примена на технологијата за обука на роботи.

OpenAI наведе дека алатките за генерирање слики во рамки на ChatGPT не се погодени од одлуката.

Sora беше лансирана во 2024 година и привлече глобално внимание поради способноста да создава реалистични видеа од едноставни текстуални инструкции. Сепак, алатката предизвика и загриженост за авторските права и влијанието врз креативните индустрии.

Во декември, Дизни стана прв голем студио што лиценцираше интелектуална сопственост за користење во алатките на OpenAI, дозволувајќи им на корисниците да создаваат видеа со ликови како Мики Маус и Јода.

Договорот се сметаше за пресвртница во односите меѓу технолошкиот сектор и Холивуд, но истовремено предизвика загриженост дека ваквите технологии би можеле да ја заменат работната сила во индустријата за забава.

Sora се соочи и со зголемена конкуренција на пазарот на AI-видео алатки, вклучително и од кинески платформи кои предизвикаа контроверзии поради реалистични видеа со ликови од Холивуд.

Related posts

Меџити: Време е за создавање нова меѓуалбанска политичка култура

admin

Повеќе од половина земји на ЕУ ќе бараат фискална флексибилност за зголемени трошоци за одбрана

admin

Македонските лидери со повик за единство и европска иднина на одбележувањето на независноста

admin

Смрт на седумгодишно девојче во Тетово: обдукција наредена, семејството со сомнежи

admin

Британија ја „мами“ Антропик по судирот со Пентагон

admin

Има ли случаи на сексуални малтретирања во Армијата на Северна Македонија?

admin