35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Села најави формирање нова партија „Албански сојуз“

Зијадин Села најави формирање нова политичка партија под името „Албански сојуз“, по неодамнешните внатрешни поделби во Алијансата за Албанците.

Во интервју за весникот „Лајм“, Села изјави дека новата партија веќе е формирана и ќе претставува продолжение на политичките идеи на неговото крило.

„Не мислиме дека решението е оставка и предавање. Јас ја создадов новата политичка партија, таа веќе постои и нема да се откажеме,“ рече Села.

Тој додаде дека целта е да се изгради „силен политички субјект“ кој ќе ги продолжи, како што рече, основните принципи на Алијансата за Албанците.

Најавата доаѓа откако Основниот суд во Тетово на 18 март одлучи партиските печати да му припаднат на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари.

Крилото на Села тогаш најави жалба до Апелацискиот суд.

Related posts

ДУИ: Милошоски нема морален кредибилитет да зборува за правда

admin

Започна судскиот процес за трагедијата во Кочани – 38 обвинети за 63 жртви

admin

Наскоро процесирање на лицата од црната листа на САД?

admin

Трета светска војна: реален ризик, но и психолошка закана

admin

Јаневска: Нова стратегија за крај на лошите политики

admin

Мицкоски: Институциите остануваат ангажирани околу трагедијата во „Пулс“, одлуката за анкетна комисија е на пратениците

admin