20.7 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
АНАЛИЗА

Ризиците и новата економска несигурност со ескалацијата на војната на Блискиот Исток

Пишува: Академик Абдулменаф Беџети

Светот никако да се смири. Уште не згаснала една жариште, се отвора поголемо. Последниот напад на САД и Израел врз Иран, секогаш со изговор за нуклеарна неутрализација и контрола, од една страна, и уривање на теократскиот режим, од друга страна (наводно за ослободување на иранскиот народ), во позадина, како и секогаш, има и економски интереси, слично како во Венецуела и насекаде во светот.

Иран поседува над 20% од глобалниот нафтен потенцијал, како втора земја во светот по Венецуела, или како трета по Саудиска Арабија, зависно од изворите на енергетската статистика. Но, сепак, со околу 200 милијарди барели нафтени резерви и дневно производство од околу 20 милиони барели, ги потресува пазарите на глобалната економија.

Покрај огромните резерви и масовното дневно производство, Иран со својата геостратешка позиција, особено со контролата на Ормускиот Теснец (околу 30 км широк), го контролира морскиот транспорт на над 25% од извозот на нафта, главно кон Индија, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, но и делумно кон Европа. Ова директно влијае врз алтернативните транспортни трошоци.

Во двата случаи, и намалувањето на производството и намалувањето на транспортот повторно ќе го нарушат синџирот на снабдување со најстратешкиот производ во светот – нафтата и нејзините деривати. Постојат прогнози дека цената може да достигне и нивоа над 100 долари за барел.

Ова, покрај глобалната економија на споменатите увознички земји, без сомнение значително ќе влијае и врз европската економија, која сè уште не е целосно закрепната од претходното нарушување на пазарите за снабдување со руски гас и нафта поради Украина.

Оваа несигурност предизвикана од нарушувањето на нафтените пазари, без сомнение ќе предизвика турбуленции и несигурност и на финансиските и капиталните пазари. Најнапред, можно е да продолжи понатамошниот раст на цената на златото и зајакнувањето на американскиот долар.

Кога синџирот на извозно-увозно снабдување се пресметува истовремено, импактот врз глобалната економија се удвојува! Во овој случај, за жал, негативно.

Регионот, а особено економијата на Македонија, отворена повеќе отколку што треба, директно ќе биде погодена од растот на цената на нафтата и, индиректно и силно, од падот на извозот во Европа и светот.

Увозната инфлација повторно ќе се разгори насекаде и повторно постои ризик од два негативни тренда истовремено: економски пад и раст на цените, што економистите го нарекуваат стагфлација.

Затоа, регионалните, а особено домашните власти, наместо да објавуваат статуси за тоа „на чија страна се позиционираат“ во овој конфликт (како да сме толку важни!), повеќе за да им се додворат на силните, подобро е да си ги направат домашните задачи, анализирајќи каде, колку и како ќе бидеме погодени, и да изградат стратегии како да ги намалиме последиците од оваа состојба на лудило што му се случува на светот!

Related posts

АМЕРИКАНСКИ ЛЕКЦИИ ЗА ИДНИТЕ МАКЕДОНСКИ ИЗБОРИ

admin

Во Америка на Трамп, потрошувачот сè уште е крал

admin

Автократскиот популизам

admin

Кој ги изгасна светлата во САД?

admin

Решавање на Балканскиот јазол во 2024 година

admin

Илинденски патрдии

admin