35.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Евростат: Повеќе од една третина од онлајн купувачите во ЕУ имаат проблеми, околу 30% и во Северна Македонија

Повеќе од една третина од потрошувачите во Европската унија се соочиле со проблеми при онлајн купување, додека во Северна Македонија слични потешкотии пријавиле околу 30% од купувачите, покажува истражување на Евростат за 2025 година за користењето на информатичко-комуникациските технологии во домаќинствата.

Според податоците, 35,4% од онлајн купувачите во ЕУ пријавиле проблеми при купување преку интернет-страници или мобилни апликации.

Во Северна Македонија, уделот на корисници кои се соочиле со проблеми при онлајн купување изнесува околу 30%.

Најчестите проблеми се поврзани со доцнење на испораките, пратки што не пристигнуваат, како и производи кои не одговараат на описот или очекувањата на купувачите.

Податоците покажуваат дека електронската трговија продолжува да расте во Европа и во регионот, но прашањата поврзани со доверливоста на услугите и заштитата на потрошувачите остануваат предизвик за значителен дел од корисниците.

Related posts

Внатрепартиски тензии во БЕСА: Дали Билал Касами ќе ја напушти Владата?

admin

Нови детали од трагедијата во Кранс-Монтана: Вработени без безбедносни обуки

admin

На секој трети граѓанин му побарале мито: Корупцијата најголем проблем во Македонија

admin

Идејата за пензионирање на 67 години на стенд-бај

admin

Трамп: САД и Украина се „многу блиску“ до договор за завршување на војната

admin

Бројот на бегалци од Украина достигна 368.000, објавија ОН

ninja