-0.2 C
Скопје
29 ноември, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАСВЕТ

Иран негира дека лансирал ракета кон Турција

Иран негира дека лансирал ракета кон Турција, откако турските власти соопштија дека системите за противвоздушна одбрана на НАТО пресретнале ракета од иранско потекло која се движела кон турскиот воздушен простор.

Иранските вооружени сили во соопштение наведоа дека не лансирале ракета кон Турција, нагласувајќи дека Анкара ја сметаат за „пријателска земја“.

Инцидентот се случил во време на зголемени тензии на Блискиот Исток по почетокот на американско-израелските напади врз цели во Иран.

Турското Министерство за национална одбрана претходно соопшти дека балистичка ракета, испукана од Иран, била пресретната и уништена од системите за воздушна и ракетна одбрана на НАТО во источниот Медитеран пред да навлезе во турскиот воздушен простор.

Според турски официјален претставник, Анкара проценува дека ракетата можеби била насочена кон воена база во грчкиот дел на Кипар, но отстапила од својата траекторија пред да биде пресретната.

По инцидентот, турското Министерство за надворешни работи испрати протестна нота до Техеран, а министерот за надворешни работи Хакан Фидан разговарал со својот ирански колега.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција ќе реагира „решително“ доколку нејзиниот суверенитет или безбедност бидат загрозени.

Related posts

Бил Клинтон е хоспитализиран во болница

admin

Радев со порака до Силјановска-Дафкова: Променете ја реториката

admin

Од судир со Трамп до прегратка со Макрон: Нов пресврт во европската политика

admin

ОПЕК+ ќе го зголеми производството кога ќе се отвори Ормус, но влијанието засега е ограничено

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Арсовска е уценета, работи по налог на СДСМ и Ахмети

admin

ЌЕ СТАНЕ ЛИ КИНА КОЧНИЧАР НА СВЕТСКАТА ЕКОНОМИЈА?

ninja