11.8 C
Скопје
18 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Инвестиција од над 16 милиони денари по седум години чекање

Министерството за здравство соопшти дека се подобрени условите за лекување во Психијатриската болница Негорци кај Гевгелија, по завршувањето на целосната реконструкција на одделението за хронични пациенти.

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека инвестицијата е дел од пошироките напори за унапредување на здравствената инфраструктура и обезбедување поквалитетни услуги за пациентите.

„Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за подобри услови за лекување и третман. Со оваа реконструкција се обезбедуваат поквалитетни услови за сместување на пациентите“, рече Алиу.

Проектот опфатил целосна обнова на кровната конструкција, поставување нови врати и прозорци, санација на фасадата, како и внатрешна реконструкција со реновирање на бањите и санитарните јазли. Во објектот се инсталирани и соларни колектори за загревање вода, со цел користење обновливи извори на енергија.

Директорот на установата Сашко Стојиловски изјави дека станува збор за објект со површина од околу 550 квадратни метри, додека вкупната вредност на инвестицијата надминува 16 милиони денари.

„Овој проект чекаше реализација околу седум години. Во изминатиот период, забелешките од меѓународните институции беа насочени токму кон условите во ова одделение“, рече Стојиловски.

Тој додаде дека реконструкцијата придонела за подигнување на стандардите за третман и грижа во установата.

Министерството за здравство соопшти дека останува посветено на рамномерен развој на здравствениот систем и подобрување на условите во здравствените установи низ целата земја.

Related posts

С Македонија едвај над 2%: НАТО ги откри „шампионите“ и „заостанатите“ во одбраната

admin

Силна поддршка од Шпанија за македонските евроинтеграции

ninja

Кина го осуди користењето сила од САД против Венецуела, балкански сојузници застанаа зад Трамп

admin

Што се договараше во Мала Речица? Филипче и Ахмети во неочекувана средба

admin

Кои се 10-те најдобри градови за живеење?

admin

Германија ја усвои првата воена стратегија, Русија означена како главна закана

admin