27.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Трка со време: Владата има два месеци за клучни реформи

Северна Македонија треба да ги заврши десетте критични точки од реформската агенда до крајот на јуни, од кои шест се веќе при крај, изјави министерот за европски прашања Беким Сали.

Тој рече дека извештајот на Европската комисија за 2025 година сè уште не е доставен до Владата, но се очекува тоа да се случи во текот на неделата, додавајќи дека според информациите што ги има, 16 од 21 точка се оценети позитивно.

„Тоа е одличен знак за нас. Имаме десет критични точки во грејс-периодот и мораме да работиме понапорно за нивно исполнување“, изјави Сали.

Според него, шест од тие точки се веќе во завршна фаза и се очекува да бидат реализирани до крајот на април, што би ѝ овозможило на Владата дополнителен период за адаптација и евентуални измени.

Тој нагласи дека дел од реформите се специфични и бараат поширок политички консензус, особено измените на Изборниот законик.

„Не можеме тоа да го направиме преку ноќ само за да го исполниме чекорот. Суштината е системот да функционира“, рече Сали, додавајќи дека и финансискиот аспект е значаен, бидејќи секој чекор носи околу осум милиони евра поддршка.

Евроамбасадорот Михаил Рокас потврди дека остануваат уште десет чекори што треба да се исполнат до јуни и дека доколку тие не се реализираат во предвидениот рок, средствата може да бидат изгубени.

„Ова е системот на реформската агенда. Владата и институциите работат напорно, но исходот ќе биде јасен на крајот од јуни“, изјави Рокас.

Во меѓувреме, европратеникот Томас Вајц оцени дека во последната година нема значителен напредок во реформите, нагласувајќи дека уставните измени и вклучувањето на Бугарите се клучен услов за напредок во евроинтеграциите.

Премиерот Христијан Мицкоски, пак, ги отфрли овие оценки, велејќи дека извештајот што го има слушнато е спротивен на ваквите тврдења.

Од СДСМ предупредија дека неисполнувањето на реформската агенда може да резултира со губење на европски средства, кои би биле пренасочени кон други земји кандидати.

Рокот до крајот на јуни се смета за клучен тест за капацитетот на институциите да ги спроведат реформите и да го задржат темпото на евроинтегративниот процес.

Related posts

Распука Шар Планина или неодговорното новинарство?

admin

Тепиќ тврди: Сопственикот на Алта банка се занимава со перење пари, капиталот стекнат на нелегален начин

admin

ВМРО-ДПМНЕ: Учебниците навреме, повисоки плати и рекордни инвестиции во образованието

admin

Бубачка, а не пестициди е причина за враќањето на македонските јаболка од Русија

admin

Животот покрај море не е секогаш поздрав: Нова студија открива изненадувачка причина

admin

Стари имиња за нови победи

admin