14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Малолетници под истрага – што се случува во Ѓорче Петров?

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека се води сериозна истрага за случај на врсничко насилство во скопската општина Ѓорче Петров, при што 14 лица се повикани на разговор.

„Се води истрага. 14 лица се повикани на разговор, и за дел од нив ќе следат процесни дејствија“, рече Тошковски, додавајќи дека во предметот е вклучено и Јавното обвинителство.

Тој нагласи дека станува збор за малолетни лица, поради што институциите ќе изнесуваат ограничени информации во јавноста.

„Мораме да одиме со редуцирани информации имајќи предвид дека станува збор за малолетници“, додаде министерот.

Тошковски оцени дека врсничкото насилство претставува сериозен безбедносен и општествен предизвик, нагласувајќи дека институциите мора да бидат фокусирани на негово спречување.

Повеќе детали, како што најави, ќе бидат соопштени во текот на истрагата.

Related posts

Николоски: Пензионирањето на Ахмети е прашање на време, политиката на етнички поделби пропадна

admin

Битката против криминалот зема замав

admin

Пендаровски: Полска отсекогаш била наш поддржувач

ninja

Голем исчекор во борбата против ракот: Вакцината на „Модерна“ и „Мерк“ успешна во клучна студија

admin

Нова сезона за игри на националистичка карта

admin

ВЛЕН го обвини Османи за „сомнителни тендери“ во ОБСЕ, ДУИ возврати дека настанот бил „триумф“

admin