29.8 C
Скопје
29 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Алиу: Предложени измени за продолжување на работниот век во здравството

Министерот за здравство Азир Алиу изјави дека грижата за пензионерите останува врвен приоритет, нагласувајќи дека односот кон повозрасните граѓани е показател за зрелоста на едно општество, на настан по повод 80-годишнината на Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија.

„Осум децении посветена работа, солидарност и грижа за повозрасните граѓани се доказ за вашата незаменлива улога во општеството“, рече Алиу, додавајќи дека грижата за пензионерите не е само социјална обврска, туку и мерка за хуманоста на државата.

Во обраќањето, Алиу се осврна на предложените измени на Законот за здравствена заштита, со кои се предвидува пензионери на возраст од 64 до 67 години да можат да продолжат да работат доколку има потреба, додека специјалистите над 67 години би можеле да останат во работен однос до 70 години.

Според министерот, мерката има за цел да го задржи искуството во здравствениот систем и да го вреднува придонесот на кадарот со долгогодишна пракса.

Дополнително, тој посочи дека преку програмите на Министерството е обезбедено бесплатно болничко лекување и ослободување од партиципација за пензионери со пониски примања, со цел да се намали финансискиот товар и да се подобри пристапот до здравствена заштита.

Настанот беше организиран по повод одбележувањето на 80 години од постоењето на Сојузот на здруженија на пензионери, кој обединува организации што ги застапуваат интересите на повозрасните граѓани во земјата.

Related posts

CNN: Наградната игра на Маск – нелегална, личи на поткуп

admin

Ново мнозинство во Собранието: Крчкање на тивок оган

ninja

Калаш контра Рубио: Европа не се соочува со „цивилизациско бришење“

admin

Ковачевски и Османи се сретна со Макрон

admin

ЗНАМ ги испорача условите за влез во Влада – без ДУИ и со одложени уставни измени

admin

Швајцарскиот франк забележа брз раст овој месец

admin