14.8 C
Скопје
14 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Димитровска пред судот не се чувствува виновна

Поранешната претседателка на Државната комисија за спречување на корупцијата, Татјана Димитровска, изјави пред судот дека не се чувствува виновна за обвиненијата во предметот „Адитив“.

Димитровска се товари за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат, но пред судот рече дека „не сторила ништо од она за што е обвинета“.

Според обвинението, таа наводно споделила доверливи информации со поранешниот директор на ТЕЦ „Неготино“, Небојша Стојановиќ, кој исто така е опфатен со случајот. Дополнително, обвинителството тврди дека ревизор полагал тест за безбедносен сертификат во нејзино име.

На обвинителна клупа се и ревизорот Миле Столевски и Билјана Петровска-Мантева, кои исто така се изјаснија дека не се виновни.

Одбраната побара судот да го повлече обвинението, наведувајќи дека седниците на антикорупциската комисија биле јавни и пренесувани во живо, како и дека документите разгледувани на тие седници не биле класифицирани како службена тајна.

„Ниеден документ што бил предмет на јавна расправа немал ознака службена тајна,“ изјави адвокатот на Димитровска, Владимир Туфегџиќ.

Обвинителството, од друга страна, соопшти дека располага со обемни материјални и вербални докази, вклучително и анализа на околу 250.000 електронски записи извлечени од мобилен телефон.

Димитровска во јули минатата година поднесе оставка од функцијата, неколку месеци по објавувањето на случајот.

Related posts

Мицкоски “раскинува” со Касами, дали ги отвора вратите за Села и Тачи?

admin

Николоски: Коридорот 8 се пролонгира до декември 2029, претходната влада изгубила две години

admin

Филипче: На Владата не ѝ оди, подготвени сме за избори

admin

СДСМ ги одреди носителите на кандидатските листи

admin

Холандскиот амбасадор Коп: Не чекате вие, ЕУ ве чека 15 години да ги спроведете реформите

admin

Харис и Трамп првпат вечерва ќе се сретнат на дебата во Филаделфија

admin