10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски: Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, ќе оди во затвор

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека поранешниот премиер Никола Груевски ќе биде упатен во затвор доколку се врати во земјата, повикувајќи се на правосилните судски пресуди против него.

„Доколку Никола Груевски се појави во Македонија, ќе биде обезбеден од органите на редот и упатен на отслужување на затворската казна, согласно правосилна одлука,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека владата е обврзана да ги почитува законите и институциите.

Изјавата доаѓа откако новиот унгарски премиер Петер Маѓар најави дека неговата влада нема да обезбедува заштита за лица барани од други држави, при што го спомена и Груевски, кој од 2018 година живее во Будимпешта.

Мицкоски рече дека Северна Македонија побарала екстрадиција на Груевски веднаш по неговото заминување во Унгарија, но барањето било одбиено во 2019 година, додавајќи дека не може да шпекулира дали и кога тој би се вратил.

Во меѓувреме, лидерот на СДСМ, Венко Филипче, повика владата повторно да покрене иницијатива за екстрадиција и да спроведе истрага за, како што рече, бизнис врските меѓу поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан и актуелната власт во земјата.

„Сите договори и бизнис релации мора да бидат детално истражени. Граѓаните треба да знаат кој стои зад клучните одлуки во телекомуникациите, енергетиката и инфраструктурата,“ рече Филипче.

Мицкоски ги отфрли обвинувањата, оценувајќи дека опозицијата изнесува неосновани тврдења. Тој посочи дека доделувањето лиценца за трет мобилен оператор било спроведено преку јавна и транспарентна постапка од страна на надлежната агенција.

„Компанијата 4ИГ веќе уплати средства и се стекна со право да биде трет мобилен оператор,“ изјави Мицкоски, додавајќи дека институциите ќе обезбедат сите релевантни информации доколку се побараат.

Премиерот исто така ја поздрави победата на Маѓар на изборите во Унгарија и изрази очекување дека односите меѓу двете земји ќе останат стабилни, без значителни промени.

Related posts

САД притиснале ЕУ и сојузници да се повлечат од конференција за дезинформации

admin

Николоски: Нашите проекти се највидливи во државата

admin

Европските хоризонти не се гледаат без вложувања во науката

admin

Огнен викенд низ Македонија: 29 пожари за еден ден

admin

ЕУ трката се менува: Албанија стигна до 33 отворени поглавја, Македонија остана на нула

admin

Извештај на БИРС: Иднината без глас – младите надвор од одлучувањето за патот кон ЕУ

admin