14.8 C
Скопје
12 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈАНАСЛОВНА

Николоски: Нашите проекти се највидливи во државата

Министерството за транспорт реализирало повеќе од 74% од средствата предвидени за капитални инвестиции уште во првите месеци од годината, изјави вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, додавајќи дека институцијата е подготвена да реализира дополнителни 40 милиони евра доколку тие бидат обезбедени со ребаланс на Буџетот.

Во гостување во поткастот „Ноќно студио“, Николоски рече дека високата реализација е резултат на интензивно планирање и работа уште од формирањето на Владата.

„Работевме доста интензивно од изборот до минатото лето на сериозно планирање на активности и веќе од минатата пролет-лето работиме на реализација. Не сум изненаден од овие бројки и сум навистина горд што три четвртини од средствата предвидени за капитални расходи во Министерството за транспорт се потрошени“, изјави Николоски.

Според него, капиталните расходи имаат директен ефект врз економијата и градежниот сектор.

„Тие средства даваат дополнителен стимул на економијата“, рече тој.

Николоски додаде дека Министерството има капацитет да реализира уште околу 2,5 милијарди денари, или над 40 милиони евра, надвор од постојниот буџет.

„Ова е комотна позиција за нас да побараме дополнителни средства со ребалансот на Буџетот“, рече вицепремиерот.

Тој оцени дека проектите на Министерството се „највидливи“, посочувајќи ја, како што рече, „раздвиженоста на градежната оператива низ државата“ како доказ за тоа.

Изјавите доаѓаат во период кога Владата најавува можен ребаланс на Буџетот и дополнителни инвестиции во инфраструктурни проекти.

Related posts

Километарски колони на Евзони-Богородица: за враќање од Грција се чека со часови

admin

Ахмети: Во 2001 ми понудија поделба на Македонија, ја одбив

admin

Екс-генерален секретар на НАТО: Трамп ја доведе Алијансата на работ од колапс

admin

Таравари: Болката останува, но останува и одговорноста за грижа

admin

Ларсон Џаин: Има силен моментум за проширување на ЕУ, не го пропуштајте

admin

Израелски воздушни напади врз Иран: Загинаа високи официјални лица и научници, зголемена тензија во регионот

admin