31.9 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Колку навистина чини животот во Македонија?

Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, изјави дека минималната плата во земјата не обезбедува ниту основни услови за живот, најавувајќи нов протест на 1 Мај со барање за нејзино зголемување.

Во интервју, Трендафилов посочи дека синдикатите веќе протестирале и блокирале институции, но без резултат, обвинувајќи за недостиг на политичка волја за решавање на проблемот.

„Минималната плата денес не е доволна ни за ‘леб и вода’“, рече тој, додавајќи дека за покривање на основните трошоци на едно семејство се потребни околу 2,6 минимални плати.

Според синдикалните пресметки, само за храна и пијалаци се потребни над 26.000 денари месечно, додека вредноста на потрошувачката кошница расте, што дополнително го намалува животниот стандард.

ССМ бара минималната плата да се зголеми на 600 евра, што, како што наведуваат, би довело до раст и на останатите плати.

Трендафилов предупреди и на обиди за укинување или игнорирање на колективните договори, оценувајќи дека тоа може да доведе до „домино ефект“ и загрозување на работничките права.

Дополнително, тој посочи дека безбедноста на работното место останува сериозен проблем, со случаи на смртни несреќи поради непочитување на прописите.

Протестот на 1 Мај ќе се одржи пред Работничкиот дом во Скопје под мотото „За плата се бориме, не се молиме“, а синдикатите најавуваат дека протестите ќе продолжат и по празникот доколку не се постигне напредок.

„Работничката борба не е спринт, туку маратон“, рече Трендафилов, додавајќи дека синдикатите ќе продолжат со преговори, протести и, доколку е потребно, штрајкови.

Related posts

Кина бара засилени трговски врски со Виетнам додека САД воведуваат нови царини

admin

Синџир на контрадикции во економската политика на Трамп

admin

Ненадејни прекини на електричната енергија го вратија фокусот врз улогата на ЕВН

admin

Полошо отколку во 2008? Американците ја губат вербата во економијата

admin

Паника за гориво во Македонија: Дизелот исчезна од пумпите, граѓаните бараа насекаде

admin

НАФТЕН ШОК: Пазарите се тресат по заканите на Трамп кон Иран, берзите паѓаат

admin