15.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

282 МИЛИОНИ ДЕНАРИ ЗА ОПЕРАЦИОНИ САЛИ: Владата вели „модернизација“, дали здравството конечно се менува?

Министерот за здравство Азир Алиу заедно со премиерот Христијан Мицкоски денеска ги посетија хируршките клиники во комплексот Клинички центар „Мајка Тереза“, каде се реконструирани шест операциони сали како дел од поширок проект за модернизација на здравствениот систем.

Според властите, станува збор за инвестиција од 282 милиони денари која опфаќа вкупно 10 хируршки сали, од кои шест веќе се целосно обновени. Реновираните капацитети вклучуваат две сали на Клиниката за трауматологија (ТОАРИЛУЦ), две на Клиниката за урологија и две на Клиниката за детска хирургија.

Алиу изјави дека станува збор за проект вреден 282 милиони денари, кој предвидува обнова на вкупно 10 хируршки сали. Градежните работи започнале во ноември, а се очекува да продолжат со реконструкција на уште четири сали – три за дигестивна хирургија и една нова сала во Ургентниот центар за еднодневни интервенции.

„Со заокружување на проектот ќе имаме целосно обновен хируршки блок“, рече Алиу.

Во рамки на обновата, во ТОАРИЛУЦ е инсталирана нова медицинска опрема, вклучително анестезиолошки машини, операциони светла, монитори и мобилен рендген апарат, како и систем за бескрвни операции и нова вентилација.

Во Клиниката за урологија се поставени два современи апарати, меѓу кои и систем за таргет-биопсија на простата, како и ласер за хируршки интервенции без крварење.

Премиерот Мицкоски изјави дека модернизацијата ќе продолжи и во наредниот период.

„Пуштени се шест нови современи сали, а во наредните месеци следуваат уште четири, со што ќе заокружиме вкупно 10 модерни операциони сали. Дополнително, од почетокот на летото се очекува завршување на нов проект во болницата ‘8-ми септември’, каде исто така ќе има врвно опремени операциони сали“, рече Мицкоски.

Тој додаде дека целта е „подобро, поефикасно и модерно здравство“, нагласувајќи дека секторот останува меѓу врвните приоритети на владата.

Властите соопштија дека целта на проектот е подобрување на условите за лекување и зголемување на капацитетите на јавното здравство.

 

Related posts

Фон дер Лајен ја жртвува буџетската флексибилност за да го обезбеди трговскиот договор ЕУ–Меркосур

admin

Мицкоски: Ќе побарам од Таравари објаснување за наводниот договор со ДУИ

admin

САД разгледуваат воени засилувања на Блискиот Исток

admin

СДСМ ја одбива „ракавицата“ на Мицкоски: Нема да бидеме алиби за предвремени избори

admin

Американците го превземаат „Лукоил“

admin

МАКЕДОНИЈА СО НАЈГОЛЕМ ПАД, ЦРНА ГОРА СО НАЈГОЛЕМ РАСТ НА РЕАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО РЕГИОНОТ

ninja