31.8 C
Скопје
6 септември, 2026
Inbox7.mk
ЕКОНОМИЈА

Владата најавува нов систем за трошење буџетски пари

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции државата воспоставува „поцврст и поодговорен механизам“ за одлучување за капиталните проекти.

Обраќајќи се пред новоформираното тело, Мицкоски нагласи дека одлуките повеќе нема да се носат врз основа на импровизации, туку врз јасни критериуми, стратегија и визија.

„Времето на стихијно планирање е завршено, доаѓа време на систем и одговорност“, рече премиерот, додавајќи дека јавните инвестиции се клучни за економски раст и отворање работни места.

На состанокот биле разгледани проекти кои веќе добиле позитивно мислење од Министерството за финансии, меѓу кои инфраструктурни инвестиции поврзани со Коридорите 8 и 10, модернизација на железницата, како и проекти во образованието и здравството, вклучително и изградба и унапредување на регионални клинички болници.

Меѓу приоритетите се и инвестиции во дигитализација, како што е владин податочен центар, управување со водни ресурси преку системите Злетовица и Стрежево, како и нови енергетски капацитети и обновливи извори.

Според Мицкоски, Комитетот ќе има клучна улога во утврдувањето на конечната приоритетна листа на јавни инвестиции, оценувајќи дека неговата функција не е формална, туку „вистински филтер за квалитет“.

Владата, како што посочи тој, има за цел да воспостави стратешки пристап кон инвестирањето и да обезбеди рамномерен развој со конкретни резултати за граѓаните.

Related posts

Беџети: Ограничувањето на маржата на профит може да ја поттикне неформалната економија во Северна Македонија

admin

ЕУ отвора врата за решение: Нова визна стратегија носи олеснување за камионските превозници од Западен Балкан

admin

Драстично намален бројот на невработени млади

admin

Северна Македонија чека одлука од Уставниот суд за „солидарниот данок“

admin

Германските аеродроми предупредуваат: Можно е откажување милиони летови

admin

Меџити: Коридорот 8 – решавачки чекор

admin