12.8 C
Скопје
17 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Миле Цеков од ЗНАМ ќе делува како независен пратеник

Пратеникот на ЗНАМ, Миле Цеков, го напушти парламентарното мнозинство и најави дека во иднина ќе делува како независен пратеник.

Цеков изјави дека во политиката влегол за да ги промени работите, но дека по две години како дел од власта е незадоволен од насоката во која се движат процесите.

„Станав пратеник за да побарам одговорност за криминалот и корупцијата, да се борам за промена на системот и да покажам дека има место во политиката за чесни и работливи луѓе. Но, за жал, промените не се случуваат“, изјави Цеков.

Тој рече дека останува отворен за соработка со сите што ги делат неговите вредности.

Во однос на уставните измени, Цеков повтори дека нема ништо против внесување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот, но само со, како што рече, јасно заштитени национални и идентитетски интереси.

„Сакам Македонија да влезе во Европската Унија со јасен и чист македонски јазик, култура и идентитет. Тие теми не се за преговарање“, изјави тој.

Цеков подолго време имал несогласувања со раководството на ЗНАМ и во Собранието за повеќе законски решенија гласал спротивно од ставот на владејачкото мнозинство.

По неговото заминување, пратеничката група на ЗНАМ ќе брои пет пратеници.

Related posts

Синдикатите во Македонија протестираат за повисока минимална плата

admin

Кој е човекот што пукаше во Трамп?

admin

Една изборна единица, дијаспора и пари за кампањи: Што ја блокира изборната реформа?

admin

Николовски: Власта на СДС И ДУИ на заминување прави масовна пљачка на ЕЛЕМ И РЕК Битола!

admin

Од „коњопој“ до официјална средба: Софија го потврди состанокот Муцунски–Петрова

admin

Меркел со директна порака до Европа: Не му ја оставајте Украина само на Трамп

admin