10.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски побара „лекарско уверение“ за раководството на СДСМ, опозицијата возврати со остри критики

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорница побара „лекарско уверение“ за дел од раководството на СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија за лаги и манипулации, по што СДСМ возврати со остри квалификации и обвинувања кон премиерот.

На седницата за пратенички прашања, Мицкоски рече дека изјавите на СДСМ се „збунувачки и чудни“ и дека, според него, имаат цел да создадат сензација и внатрешна мобилизација во партијата.

Тој оцени дека опозицијата подготвува алиби за следните избори, наведувајќи дека може да тврди оти изборите не биле фер или дури да не учествува на нив.

„Советувам за политичарите кои се во органите на партиите да се побара лекарско уверение“, рече Мицкоски.

СДСМ реагираше дека ваквиот речник е недостоен за премиер и дека станува збор за лични напади и ниски провокации наместо одговори за проблемите на граѓаните.

Од партијата наведоа дека не се загрижени за здравјето на Мицкоски, туку за, како што велат, „здравјето на државата“, обвинувајќи ја власта за уништување на институциите.

Покрај политичката пресметка со СДСМ, на седницата се отворија и прашања за употребата на албанскиот јазик и работата на Министерството за меѓуетнички односи.

Мицкоски изјави дека нема противење за употребата на албанскиот јазик и дека сите граѓани се еднакво ценети, без разлика на етничката припадност.

„Ова е нова Македонија во која секој граѓанин придонесува еднакво, а не по етничка основа“, рече премиерот.

Пратеникот Блерим Беџети го праша вицепремиерот Иван Стоилковиќ што направил за имплементација на Рамковниот договор и за унапредување на меѓуетничките односи, обвинувајќи го дека приоритет му биле односите со Република Српска.

Стоилковиќ одговори дека во Министерството не биле тргнати Албанци од работните места и дека институцијата, како што рече, ја затекнал во лоша состојба, со бројни неправилности и кривични пријави.

 

Related posts

Притисок врз Вучиќ од Брисел: европратеници бараат стоп за фондовите и откажување на посетата на Фон дер Лајен

admin

Русија го губи енергетскиот пазар, Германија потпишува 20 годишен договор за снабдување со течен гас од САД

admin

ЕУ лидери sвонат на Македонската врата – Последна шанса за преговори?

admin

Ракети, дронови и закани околу Ормутскиот Теснец: Повторно се разгорува војната со Иран

admin

АКТУЕЛНИ ФУНКЦИОНЕРИ МОЖЕ ДА СЕ НАЈДАТ НА ЦРНАТА ЛИСТА НА САД

ninja

И со гаранции, 60% од Македонците се против уставни измени, мнозинството Албанци се за

admin