29.5 C
Скопје
13 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИ

Пукање среде гала: Трамп евакуиран во драматични сцени во Вашингтон

Американскиот претседател Доналд Трамп беше евакуиран од вечерата на дописниците во Белата куќа во Вашингтон откако беа испукани истрели во близина на местото на одржување на настанот, соопштија властите.

Инцидентот се случил во хотелот „Вашингтон Хилтон“, каде што се одржувала традиционалната годишна гала вечера на медиумите. Трамп бил изведен од салата од страна на безбедносните служби веднаш по пукањето.

Претседателот, првата дама Меланија Трамп и членовите на неговиот кабинет не се повредени.

Трамп подоцна изјави дека напаѓачот, вооружен со повеќе оружја, се обидел да пробие безбедносен пункт, по што бил неутрализиран од страна на Тајната служба.

„Се работи за многу болна личност“, рече Трамп, додавајќи дека осомничениот „го нападнал уставот“.

Еден агент на Тајната служба бил застрелан во инцидентот, но, според Трамп, бил заштитен од панцир и е во стабилна состојба.

Тајната служба соопшти дека пукањето се случило во зона за безбедносна проверка и дека едно лице е приведено, додека истрагата е во тек.

Американската обвинителка за округот Колумбија, Жанин Ферис Пиро, изјави дека осомничениот ќе се соочи со обвиненија за употреба на огнено оружје при насилен криминал и напад врз федерални службеници.

Директорот на ФБИ, Каш Пател, рече дека се анализира позадината на осомничениот и ги повика граѓаните да достават информации.

Американските медиуми го идентификуваа осомничениот како Кол Томас Ален, 31-годишник од Калифорнија.

Сведоци изјавија дека за време на инцидентот се слушнале повеќе истрели, по што присутните се засолниле под масите, додека обезбедувањето реагирало.

Светските лидери, меѓу кои индискиот премиер Нарендра Моди, јапонската премиерка Санае Такаичи и мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум, го осудија нападот и изразија олеснување што Трамп не е повреден.

Трамп изјави дека настанот ќе биде одложен, но нагласи дека нема да дозволи вакви инциденти да ги прекинат јавните активности.

 

Related posts

КОВАЧЕВСКИ ЈА ОТФРЛИ ИДЕЈАТА ЗА ЗАЕДНИЦА НА АЛБАНСКИ ОПШТИНИ

ninja

Енергенски шок: Цените на гасот и нафтата се искачија до небо по конфликтот на Блискиот Исток!

admin

Драма во САД: Членови на Конгресот спречени да влезат во Министерството за образование

admin

Собранието се подготвува за седницата број 1

admin

ВЛЕН застана зад Африм Гаши и го обвини СДСМ за блокади

admin

Внатрепартиски тензии во БЕСА: Дали Билал Касами ќе ја напушти Владата?

admin