Американската и албанската армија спроведоа заедничка воена вежба фокусирана на операции со беспилотни летала во зоната за обука во Бизе, соопшти Американската амбасада во Тирана.
Вежбата вклучувала користење на дронови „Пума“, со цел да се подобрат капацитетите за надзор и собирање разузнавачки информации на албанските вооружени сили.
„Американската технологија продолжува да ја зајакнува безбедноста“, се наведува во соопштението на Амбасадата.
Според дипломатското претставништво, ваквите активности се дел од пошироката соработка меѓу двете земји во областа на одбраната и безбедноста.
„Ова партнерство ќе ја унапреди одбранбената подготвеност и ќе ги поддржи заедничките стратешки интереси за посигурна иднина“, се додава во соопштението.
Вежбата доаѓа во период на зголемена регионална и глобална безбедносна неизвесност, при што соработката меѓу сојузниците во НАТО добива засилено значење.

