30.9 C
Скопје
16 јули, 2026
Inbox7.mk
ХРОНИКА

Драма во автобус од Германија – полицијата откри речиси 35.000 евра

Полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграција денеска на подрачјето на СВР Тетово запреле автобус „мерцедес“, сопственост на туристичка агенција, управуван од Р.Ф. (37) од тетовското село Доброште.

Според информациите од полицијата, автобусот сообраќал на релација Германија–Македонија.

При преглед на автобусот, во приколката биле пронајдени повеќе канти за кои возачот не поседувал документи и дозволи за транспорт.

При дополнителна контрола кај еден од патниците, Ф.И. (20) од Теарце, биле пронајдени пет плика со различни апоени во вкупна вредност од 34.965 евра.

Од МВР соопштија дека парите биле внесени преку граничниот премин Табановце без да бидат пријавени, а лицето не поседувало документација за сопственост и потекло на средствата.

Двете лица се лишени од слобода поради сомнение за сторено кривично дело „криумчарење“ по член 278 од Кривичниот законик, како и по член 29 од Законот за девизно работење.

По целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Related posts

Четири млади од Битола се обиделе да извршат тешка кражба

admin

Вработен во македонското МВР уапсен на Косово поради фалсификување евра

admin

Брат на загинатата во Карпош ја обвини државата за системски пропусти, Обвинителството отвори истрага

admin

Глобален удар врз трговците со луѓе: Над 1.000 уапсени во 59 држави

admin

Уапсен во Белград возачот осомничен за смртта на жена во Скопје

admin

Пронајден 19-годишникот кој удри тригодишно девојче во Визбегово

admin