10.8 C
Скопје
16 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИРЕПУБЛИКА

Села постави услови: Уставни измени и укинување на „20%“ пред разговори за Влада

Лидерот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, изјави дека неговата партија не е заинтересирана за влез во Владата со цел добивање министерски позиции, туку за реализација на програмски приоритети.

„Во Влада не се влегува за да се земат министри, туку за да се реализираат ветените програмски точки“, рече Села во интервју, посочувајќи дека фокусот е на три клучни прашања: уставни измени, укинување на формулацијата „20%“ и прашања поврзани со Бадентеровиот принцип и функционирањето на Уставниот суд.

Според него, овие теми се клучни за спречување на, како што наведе, можни форми на мајоризација и за целосна имплементација на принципите од Охридскиот рамковен договор.

Од коалицијата ВЛЕН изјавија дека нема конкретни разговори за вклучување на други партии. Пратеничката Мимоза Муса рече дека во моментов не се водат преговори со Села, но додаде дека коалицијата останува отворена за соработка по 9 мај.

Можноста за влез на Села во Владата беше споменувана повеќепати по локалните избори во 2025 година, но тој досега постојано ги негираше таквите сценарија.

Села истакна дека конечните одлуки ќе зависат од партискиот конгрес, кој се очекува да се одржи кон крајот на мај.

Related posts

Израел го гранатираше бегалскиот камп Џабалија, над 50 цивили загинале

admin

Агелер: Тоа прашање е за професорот Мицкоски, не можам јас да одговарам место него

admin

Вучиќ и Османи со меѓусебни обвинувања, Косово бара од ЕУ да ги тргне санкциите

admin

Се подготвува ли Македонија за избори напролет 2027? Нови сигнали од партиските штабови

admin

Габриел: Не се само уставните измени

admin

Јаневска: Учебници ќе има за секое дете следната учебна година

admin