7.8 C
Скопје
15 октомври, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Матка повторно во игра: приватна посета на Мане и можен мегапроект

Албанскиот бизнисмен Самир Мане неодамна престојувал во Скопје, каде, според порталот Тетова Сот, пристигнал со приватен авион и се сретнал со премиерот Христијан Мицкоски, при што било разговарано за можен инвестиционен проект во областа на езерото Треска во општина Сарај.

Проектот, кој датира од периодот на претходната влада, бил во застој поради политички несогласувања и оттогаш не бил реализиран. Според информациите, планот предвидува повеќемилионска инвестиција што би опфатила изградба на трговски центар, станбени објекти, вили и спортски објекти, како и модернизација на самото езеро.

Од компанијата Балфин Груп потврдија дека Мане реализирал дводневна посета на Северна Македонија и Косово, при што имал редовни состаноци со компании од групацијата.

„Претседателот реализираше дводневна посета, при што одржа состаноци со компаниите од Балфин Груп и учествуваше во телевизиско интервју“, соопштија од компанијата.

Засега нема официјална потврда од Владата за средбата со премиерот, ниту пак од општина Сарај за евентуален нов инвестициски процес во оваа област.

Проектот за развој на просторот околу езерото Треска, познато и како дел од регионот на Матка, во изминатите години беше предмет на јавни и политички дебати, но без конкретна реализација.

Related posts

Киев бара враќање на парите и златото запленети во Унгарија

admin

ДУИ излезе на улица по одлуката на Уставен – ВЛЕН возвраќа со обвинувања

admin

Имала ограничување, но ја минала границата: Ива Михајлова веќе е во Бугарија

admin

Поранешен шеф во Мосад: Ердоган нема да војува со Израел – неговиот план е многу подолгорочен

admin

Извештајот на Европскиот парламент за Северна Македонија предизвика политичка бура во Скопје и Софија

admin

Младо момче, спасител од пожарот во Кочани, доби признание и стипендија

admin