28.8 C
Скопје
23 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Тошковски возврати жестоко: Ако продолжите со манипулации, ќе останете и без тие неколку пратенички столчиња

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за распад на безбедносниот систем и порача дека МВР во изминатите две години има подобри резултати споредено со претходните две децении.

Тошковски од собраниската говорница одговори на пратеникот на СДСМ, Миле Талески, кој побара негова оставка поради, како што рече, убиства, семејно насилство, пет тони дрога, безбедносни пропусти и сомнежи за шпионажа во Кабинетот на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова.

Министерот рече дека барањата за оставка и најавите за интерпелација од опозицијата се политички мотивирани.

„Ако вака продолжите, на следните парламентарни избори ќе имате само некое столче минус“, рече Тошковски.

Тој наведе дека откривачката дејност на МВР изнесува 67,2 проценти, што, според него, е најдобар резултат во последните 20 години.

„Вкупниот криминалитет е најмал во последните 20 години. Тоа се бројки и факти што не можете лесно да ги изманипулирате“, изјави Тошковски.

Во однос на семејното насилство, министерот призна дека бројот на регистрирани случаи е зголемен за околу 60 проценти, но рече дека тоа се должи на измените во Кривичниот законик и на поажурно институционално постапување.

„Сега имаме побрз институционален одговор, итни мерки, отстранување на насилниците од домот и подобро постапување од претходно. Дали е доволно? Не е“, рече Тошковски.

За сомнежите за шпионажа и протекување информации од Кабинетот на претседателката, Тошковски рече дека станува збор за предистражна постапка и ја обвини опозицијата дека изнесува информации поврзани со постапки што треба да бидат тајни.

Во врска со петте тони марихуана запленети во Србија, за кои опозицијата тврди дека потекнуваат од Македонија, министерот рече дека Македонија и Србија имаат билатерален договор и систем со едно застанување на граница, според кој Србија го контролира влезот на стоки во својата земја.

„Сто пати повторена лага не значи дека станува вистина. Тоа не значи дека МВР пуштило пет тони дрога“, рече Тошковски.

На прашањето дали вицепремиерот Арбен Фетаи, кој според СДСМ подолго време не доаѓа на работа, сè уште користи службено обезбедување, Тошковски рече дека не води дневна евиденција и побара пратеникот да достави писмено барање, на кое ќе добие одговор.

Related posts

Едно од седум деца во Европа живее со ментално нарушување

admin

Посебен закон за медицински средства: Здравство отвора реформа со дигитални процедури и ЕУ-стандарди

admin

Казнети 30 превозници на ученици

admin

Ристоска поднесе оставка по одземањето на „Талир“

admin

„Ефектот Џејмс Бонд“? Шпионите ја прогласија МИ6 за најдобра служба во Европа

admin

Шок во скопска населба: диво животно чувано како домашен миленик

admin