22.9 C
Скопје
22 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски оди во Тиват по новата формула за ЕУ: Нема отстапки за македонскиот идентитет

Премиерот Христијан Мицкоски најави дека ќе учествува на Самитот ЕУ–Западен Балкан во Тиват, каде што очекува да слушне повеќе детали за новите идеи за проширување на Европската Унија и постепена интеграција на регионот.

Мицкоски рече дека предлозите на германскиот канцелар Фридрих Мерц за нова динамика во проширувањето веќе биле споменувани во рамки на Берлинскиот процес, но дека засега не се официјализирани.

„Љубопитни сме да дознаеме повеќе која е идејата. Тоа, претпоставувам, ќе се случи на самитот во Тиват од 4 до 5 јуни. Ќе бидам таму и со нетрпение очекувам да ги слушнам овие концепти и идеи“, изјави Мицкоски.

Тој додаде дека Владата ќе може јавно да се произнесе откако ќе има повеќе содржина за предлозите.

Во однос на најавената посета на претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, Мицкоски рече дека досегашните разговори со него биле пријателски и конструктивни.

Според премиерот, Кошта покажал подготвеност да се бара решение за, како што рече, „вештачкото и билатерално барање на една земја членка кон Македонија“.

„Би било некултурно да се очекува ставот да се промени преку ноќ, бидејќи не се исполнети предусловите што ги очекуваме и ги заслужуваме“, рече Мицкоски.

Тој повтори дека Владата нема да прифати отстапки што би го засегнале македонскиот национален идентитет.

Мицкоски оцени дека актуелната состојба е последица на политиките на претходните влади, кои, според него, со „авантуристички“ потези ја довеле државата во разочарување и блокада на почетокот на преговорите со ЕУ.

Премиерот рече дека Владата ќе се обиде да најде решение за европскиот пат, но не по цена на нови отстапки без јасна гаранција за завршување на преговарачкиот процес.

„Државата даде многу во изминатите децении, а не доби ништо за возврат“, рече Мицкоски, додавајќи дека не треба повторно да се влегува во нови „авантури“ без јасен крај.

Related posts

Битка за статус кво или битка за промени

admin

Вучиќ разговараше со Пич: И покрај провокациите од Приштина, остануваме посветени на мирот

admin

Мицкоски: Нема средства за субвенции за минимална плата од 500 евра

admin

По изборите, ЕУ повторно испраќа пораки до Северна Македонија: уставните измени остануваат клучен услов за почеток на преговорите

admin

Пендаровски: Интервенцијата на САД во Иран е лошо подготвена, Скопје не треба слепо да ја следи

admin

Косово слави 25 години од НАТО интервенцијата

admin