29.8 C
Скопје
31 август, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски од Пустец: Македонците во Албанија се неразделен дел од македонскиот народ

Премиерот Христијан Мицкоски денеска престојуваше во селото Каламас во општина Пустец, Албанија, каде што присуствуваше на откривање споменик посветен на македонските борци од Народноослободителната борба против, како што рече, „бугарскиот фашистички окупатор“ во Втората светска војна.

Во обраќањето, Мицкоски изјави дека споменикот претставува сведоштво за жртвата, храброста и љубовта кон Македонија на луѓето кои, според него, „не се поколебале и не се откажале од својот народ и својот идентитет“.

„Не сме собрани само пред еден споменик, туку пред едно сведоштво на историјата, пред едно сеќавање кое не може да биде избришано, затоа што е испишано со жртва, храброст и љубов кон Македонија“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека македонскиот народ, „без разлика на границите, времињата и притисоците“, успеал да ги зачува својот јазик, култура и национална припадност.

Премиерот ја истакна и улогата на македонската заедница во Албанија, оценувајќи дека Македонците таму се „неразделен дел од македонското национално ткиво“, но и лојални граѓани на албанската држава.

„Вашата посветеност и истрајност заслужуваат почит. Вие го зачувавте македонското име, јазикот и традицијата и во најтешките времиња“, изјави Мицкоски.

Во говорот тој повика и на политичко и национално единство, оценувајќи дека државата има потреба од обединување околу националните интереси и иднината на младите генерации.

„Можеме да имаме различни политички убедувања и ставови, но кога станува збор за татковината и иднината на македонскиот народ, мора да бидеме заедно. Само обединети можеме да бидеме силни“, рече тој.

Мицкоски додаде дека денешните генерации имаат обврска борбата на претците да ја продолжат „со образование, економски развој и зачувување на националното достоинство“.

Церемонијата заврши со положување цвеќе и оддавање почит на загинатите борци.

Related posts

Трамп го изненади Нетанјаху со изјава дека нападите врз Либан се „забранети“

admin

Ергените ќе здивнат, Македонија не

admin

Студентите во Србија: Празниците нема да нè поколебаат

admin

Хегсет побарал заминување на шефот на американската војска

admin

ДУИ возврати на ВЛЕН: „Не вршете притисок врз обвинителството“

admin

Нафтоводот Солун–Скопје ќе се врати во функција до крајот на годината

admin