30.1 C
Скопје
23 јуни, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Арсовска обвинува за урбан хаос во Чаир: Се градат 50 дивоградби, институциите молчат

Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, изнесе нови обвинувања за урбанистички криминал во скопската општина Чаир, тврдејќи дека во моментов се градат 50 нелегални згради без дозволи, додека надлежните институции не преземаат никакви мерки.

Наутро, преку објава на социјалните мрежи, Арсовска објави сателитски снимки за кои вели дека прикажуваат тековна незаконска градба во Чаир. Таа директно го прозва градоначалникот на општината, Висар Ганиу, обвинувајќи го за негрижа и соучесништво.

„Нека му пренесе некој на Висар Ганиу дека ова не му е оставено во наследство од баба му, бидејќи тврдеше дека дивоградбите ги наследил, а овде сега се гради. 50 нови згради во моментов и никој не реагира. Немаат дозволи, немаат проекти, крадат вода, крадат струја“, изјави Арсовска.

Таа додаде дека како градоначалничка има законска обврска да реагира во случаи кога е загрозен Буџетот на градот, особено кога, според неа, постојат докази за фалсификување службени документи.

„Кога имаме информација или пријава дека се оштетува буџетот за градот, и кога сме сведоци на докази за фалсификувани службени документи, согласно закон сме обврзани истото да го пријавиме. Во спротивно, со молк стануваме соучесници во криминалот со незаконските легализации“, додаде таа.

Од Општина Чаир засега нема официјален одговор на обвинувањата. Арсовска во изминатите месеци повеќепати јавно обвинуваше за урбанистички злоупотреби во оваа скопска општина, но реакциите од локалните власти остануваат ограничени.

Related posts

Германија: Бизнис модел на „лажен татко“

admin

Вештачката интелигенција е моќна алатка на пропагандистите

admin

Дали владите треба да користат вештачка интелигенција за да ја реформираат државата?

admin

„Апсолутна провокација“: Џамбаски со остри зборови за македонската дипломатија

admin

Македонските христијани го одбележаа Велигден со пораки за духовна обнова и општествена солидарност

admin

Владата замрзна цени за над 1.000 производи, трговците предупредуваат за ризици

admin