19.1 C
Скопје
14 јули, 2026
Inbox7.mk
ВЕСТИНАСЛОВНАРЕПУБЛИКА

Мицкоски ја затвори вратата за нови уставни условувања

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека Северна Македонија нема повеќе да прифаќа идентитетски отстапки како услов за членство во Европската Унија.

Говорејќи за време на посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Охрид, Мицкоски порача дека Владата е подготвена да плати каква било цена, но нема да дозволи нови отстапки поврзани со националниот идентитет.

„За жал, сè додека билатералните спорови и таканаречениот булинг кон нас од одредени земји членки, односно во овој случај од една земја членка, претставуваат пречка да бидеме дел од тоа семејство, тоа што одамна сме го заслужиле ќе продолжи да се оддалечува. Но ние не губиме надеж и енергија. Напротив, ќе продолжиме силно да работиме и очекуваме да ја добиеме таа шанса да бидеме дел од тоа семејство“, рече Мицкоски.

Тој нагласи дека повеќе нема простор за нови идентитетски компромиси.

„Нема повеќе можност за идентитетски отстапки, нема повеќе чекори назад кога станува збор за нашите национални определби. Каква било цена да треба да платиме, оваа Влада е подготвена да ја плати“, додаде премиерот.

Мицкоски изјави дека Северна Македонија според оценките на Европската комисија моментално е меѓу најуспешните држави во регионот и очекува најголем дел од средствата за Западен Балкан да завршат во македонскиот буџет.

Тој повтори дека државата одамна го заслужила членството во Европската Унија, но процесот дополнително бил отежнат од претходната власт со прифаќање услови кои, според него, не биле во интерес на државата.

Премиерот информираше и дека Акцискиот план за малцинствата е подготвен и оти се очекува зелено светло од Брисел за да влезе во официјална владина процедура.

Related posts

Мицкоски: Набљудуваме неколку криминални групи

admin

Германија се свртува кон Индија за да го ублажи недостигот на работна сила

admin

Избори се ближат, ветувања се нижат

admin

Од Албанија до Мексико: Балканска мафија пере милиони за картелот на Синалоа преку казина во Канада и Европа

admin

Кој е илинденскиот идеал на денешната генерација?

admin

Алиу најави реформа на специјализациите: Повеќе практика, помалку тесни профили – фокус на итна медицина и хирургија

admin